Ако сте личност која поголем дел од работното време го поминува во седечка положба и имате болки во долниот дел на грбот, веруваме дека овие совети ќе ви бидат од голема помош. Во текстот кој следува ви претставуваме 10 едноставни совети кои ќе ви помогнат за намалување на болките во долниот дел на грбот без употреба на лекови.
Болките во грбот ви го нарушуваат секојдневието? – Пред да почнете со примена на советите, најдобро е да ги препознаете сопствените симптоми. Ако сте повредени, не можете да се движите, чувствувате слабост или згрченост на мускулите на нозете и јаки болки, задолжително посетете доктор и не го земајте лекувањето во свои раце. Во спротивно, ако чувствувате нормална болка во долниот дел на грбот која е предизвикана од седење, тогаш применете ги нашите совети.

Ставете ладни облоги во првиот момент штом почувствувате болка
Ќесичка со мраз може да ви помогне за намалување на воспалението, особено ако болното место се третира во првите 24 до 48 часа. Иако многумина тврдат дека им помогнале топли облоги, сепак лекарите не ги препорачуваат. Топлината, всушност го зголемува воспалението во првите 48 часа. После 48 часа, ако уште имате болки може да ставите на топли облоги на болното место.
Искористете ја секоја можност и движете се
Сигурно сте слушнале дека лекарите често препорачуваат физичка активност за било која состојба. А физичката активност, е особено важна доколку имате болки во долниот дел на грбот. За да одржите оптимално здравје на деловите од телото, посебно на ’рбетот, движете се или направете некои вежби за истегнување. Кога ве боли грбот, наместо да лежите, најдобро е да се движите. Пешачете до работа, во парк, прошетајте ги децата, внуците или пак вашето милениче. Кога ќе ви биде подобро, почнете со аеробни вежби како што се пливање, пилатес, возење велосипед и слично. Притоа, многу е важно да не се форсирате!
Магнезиум за намалување на болките во долниот дел на грбот
Согласно истражувањата, суплементите со магнезиум можат да ви помогнат за намалување на болката и подобрување на подвижноста. Магнезиумот е особено корисен доколку страдате од хронична болка во долниот дел на грбот, дископатија или дискус хернија. Болките во грбот и вратот се најчести хронични состојби, кои може да се појават на меките ткива, коските, пршлени и дисковите на рбетот.
Познато е дека магнезиумот ги релаксира мускулите и ја намалува болката во долниот дел на грбот. Како додаток на исхрана, го препорачуваме Magnesium Citrate на Now Foods, кој значително помага за нормално функционирање на нервниот систем и мускулна функција. Може да го купите или повеќе да прочитате тука, да се информирате во поголемите аптеките или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

Зајакнете ги мускулите
Откако болките во грбот ќе поминат, за да спречите повторно да се појават, препорачливо е да вежбате. Особено обрнете внимание и повеќе работете на мускулите кои го придржуваат ’рбетот во долниот дел на грбот. Најважно е да ги зајакнете мускулите на колковите, карлицата и стомакот. На тој начин, околу рбетот ќе формирате заштитен корсет од мускули, кои ќе ви помогнат за стабилност на долниот дел и намалување на болките.
Истегнете се
Ако работниот ден ви поминува во седечка состојба, на секои 20 минути ви препорачуваме да станете и да се истегнете. Истегнете ги рацете, нозете и грбот. Користете ги класичните вежби за истегнување, а ако знаете може да употребите и некои едноставни јога вежби.
Набавете си ергономска столица
Многу е важно столицата на која поминувате најголем дел од денот да биде квалитетна и анатомски обликувана. Исто така, треба да внимавате на која висина е поставен мониторот, во која положба се глувчето и тастатурата. Тоа игра важна улога кога е во прашање превенцијата за појава на болки во долниот дел од грбот.
Внимавајте на држењето на телото
Која е вашата положба при седење? Ако додека седите сте подгрбавени и рамената ви се олабавени и спуштени, во тој случај на грбот му е многу потешко да ја придржува целата телесна тежина. Затоа, потрудете се да седите исправено. Покрај тоа, бидете внимателни за поставеноста на телото кога кревате нешто тешко. Никако не кревајте од струкот, туку целата тежина префрлајте ја на нозете.
Носете рамни и удобни обувки
Ако поголем дел од времето го поминувате стоејќи или движејќи се, високите и неудобни чевли заменете ги со рамни и комфорни обувки. Уште подобро би било да носите ниски удобни чевли со анатомски влошки.
Ослободете се од лошите навики како што е пушењето
Пушењето го зголемува ризикот од остеопороза, а со самото тоа и ризикот од проблеми со болки во грбот. Некои истражувања покажале дека пушачите повеќе страдаат од болки во грбот во однос на непушачите.
Внимавајте на килограмите
Вишокот на килограми дополнително го оптеретува грбот, а тоа е можна причина за појава на болки. Затоа е многу важно да се одржува нормална телесната маса. Во контрола на килограмите ќе ви помогнат здравата исхрана и редовната физичка активност.
Доколку овие совети не ви помогнат за намалување на болките во долниот дел на грбот, тогаш обидете се со некои лекови, кремови или гелови. Без разлика дали применувате природни методи или лекови, пред да започнете со било кој третман, консултирајте се со лекар.
Ви препорачуваме да прочитате: 5 начини како да заборавите на болките во вратот.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.