Ситната црвена пипер е важен додаток на вкусот во голем број јадења, а посебно во домашната македонска кујна. Често е применувана во состав на разни јадења и манџи, па добро е да знаеме малку и за што е корисна освен што е вкусна како состојка за секојдневните домашни специјалитети.

Здравствените придобивки од ситната црвена пипер се бројни
- Помага за подобро варење на храната така што го забрзува метаболизмот, а тоа е посебно забележително доколку е лута.
- Помага за намалување на телесната тежина. Секојдневното конзумирање и забрзаниот метаболизам ќе ви овозможат полесно празнење на цревата и помало задржување на храната во телото. На тој начин наместо енормна се овозможува да има нормална апсорпција на хранливи материи преку цревата.
- Има антифунгално дејство со што помага против габички.
- Има антисептични својства кои придонесуваат во борбата против бактериите.
- Помага за детоксикација на телото, односно го ослободува од штетните отрови кои се таложат.
- Превенира главоболка. Со оглед на тоа што помага за отстранување на токсините од организмот и го намалува влијанието на штетните микроорганизми, во значителна придонесува против главоболки.
- Го чува здравјето на срцето и го поддржува правилниот крвоток.
- Како зачин помага за создавање на потребната количина на плунка.
- Помага во намалување на воспаленија, па ја олеснува и отстранува болката од зглобовите.
- Помага за превенција од мигрена која е силна главоболка, а голем број луѓе ја искусиле.
- Овозможува добра циркулација и заштитува од згрутчување на крвта.
- Го подобрува имунитетот и заштитува од настинки и грип.
Ситната црвена пипер може да е толчена и во нејзиниот состав да има по некоја семка или пак, ситна и прашкаста зависно од потребата. Како и да е, црвената пипер е одличен зачин со убав мирис и фантастична арома која се отсликува во разни специјалитети приготвени од вас, нашите вредни домаќинки и домаќини. Ако не сакате да правите запршки, ние тоа го поддржуваме и ве потсетуваме дека секогаш може да ја додадете засебно или како предлог зачин во разни други јадења освен класичните манџи. Уживајте во неа и нејзините здравствени придобивки!