15 soveti za povkusni pleskavici

15 состојки за повкусни плескавици

Како ги правите плескавиците и ќофтињата? Дали додавате јајце, кромид, лук или зачини? Имате ли совршен рецепт? – Ви откриваме 15 состојки кои го збогатуваат вкусот на месото! Направете повкусни плескавици и бидете креативни во кујната. Изборот на намирници кои може да ги додадете е голем!

Искористете една, две или повеќе од долунаведените состојки. Направете ја омилената комбинација и пишете ни кој е вашиот фаворит. Ќе ни биде мило кулинарското искуство да го споделите во групата Сѐ за храна.

15 совети за повкусни плескавици

Топ 15 состојки за повкусни плескавици

Јајце

Повеќе од нас додаваат јајце во смесата за подготовка на плескавици. Јајцето во говедско мелено месо ги подобрува конзистентноста и вкусот, и не дозволува плескавиците и ќофтињата да се распаднат при пржењето. Па, ако плескавиците при подготовката ви се кршат, нареден пат додајте јајце.

Сланина

За гурмански вкус и ново гастрономско доживување, во смесата додајте ситно исечкана сланина. Измешајте добро и формирајте плескавици. Можете да ги испечете на скара или да ги испржите.

Кромид

Без кромид не може да се замисли вкусна плескавица. Кромидот го збогатува вкусот, па се препорачува да се додаде во смесата. Ситно исечкајте кромид и измешајте го во месото, а потоа формирајте ги плескавиците.

Трошки од леб – презла

Дали често користите лебни трошки при подготовката на плескавиците? – Треба да знаете дека тие се користат за да додадат малку сувост во смесата. Ако подготвувате уштипци или ќофтиња, а смесата ви изгледа течна, тогаш додајте лебни трошки. Но, ако смесата за плескавици е доволно цврста, немате потреба од лебни трошки.

Лук

При поготовка на уштипци, лукот е задолжителна состојка. Сечканиот свеж лук измешан во мелено месо, исто како кромидот го збогатува вкусот. Во смесата за плескавици може да користите сечкан лук или само посипете лук во прав врз месото.

Рендано сирење

Изрендајте или издробете сирење и измешајте го во месото. Можете да додадете пармезан или кашкавал. Ако користите кашкавал исечкајте го на коцки и додајте го во смесата. Така ќе добиете ловечки плескавици кои се служат низ растораните.

Сос за скара

Без разлика дали ќе користите стар семеен рецепт или купен од продавница, сосот за скара го подобрува целокупниот вкус.

Сечкани пиперки

Исечкајте ја пиперката и измешајте ја во месото. Ќе добиете убав интересен вкус.

Чили сос

Лутите сосови им даваат шмек на плескавците за хамбургер. Наредниот пат штом приготвувате плескавици, додајте мала количина на чили сос.

Путер од кикирики

Пробајте нова интересна комбинација! Ако обожавате солено-сладок вкус, додајте путер од кикирики во меленото говедско месо. Може да го комбинирате со млад кромид и парче ананас.

Зачини

Зачините се тајната состојка на секој рецепт. Подобрете го вкусот на плескавиците со свежа мајчина душица, босилек, нане и друг зачин по избор.

Моркови

Ситно исечкајте неколку моркови и измешајте ги во меленото месо. Ова создава фасцинантен сладок вкус што повеќето луѓе го сакаат.

Кисела павлака

Измешајте малку кисела павлака во месото за да го збогатите вкусот на хамбургерите.

Шункова салама

Ако немате сланина, во смесата за плескавици додајте шункова салама. Може да користите и други сувомеснати производи, кои како и сланината, ги подобруваат вкусот и текстурата на плескавиците. Предлагаме истите да ги набавите од месарниците на Агриа.

Печурки

Исечкајте свежи печурки и измешајте ги со месото за побогат вкус и убава текстура.

Наша препорака:

Ве инспириравме да подготовите плескавици? – Ако одговоривте со „Да“, прв чекор е набавката на квалитетно свежо мелено месо. Посетете ги месарниците на Агриа (Битола, Штип и Велес) и набавете месо со врвен квалитет. Во месарниците може да најдете свежо свинско и говедско месо, мелено месо, сувомеснати производи од нивно, домашно производство. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Свежото свинско месо може да го најдете и во Тинекс и Рамстор маркетите. За сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.

Ви препорачуваме да прочитате: Похувани палачинки со фил од мелено месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: