Дали знаете дека кокосот се нарекува Дрво на животот? Благодарение на неговиот состав и големите придобивки врз здравјето, кокосот многу одамна се користи како храна и лек.
Кокосот во традиционалната медицина се употребува за третман на голем број на здравствени проблеми како што се: астма, ќелавост, бронхитис, изгореници, модринки, настинки, кашлица, запек, гингивит, неправилна или болна менструација, жолтица, камења во бубрезите, инфекции на кожата, тумори и друго. Кокосовото масло е од особен интерес кај научниците затоа што поседува лековити својства во споредба со другите масла.

Модерната медицина со низа истражувања ги потврдува одличните својства на кокосот:
- Ги уништува вирусите кои предизвикуваат грип, херпес, хепатит С, САРС.
- Успешно се бори со бактериите кои што предизвикуваат улцер, инфекции на хранопроводот, уринарниот тракт, заболувања на непцата, пнеумонија и гонореа.
- Ги уништува габичките и квасците кои предизвикуваат кандида и микоза.
- Ја зголемува енергијата и ги подобрува физичките и атлетските перформанси.
- Го подобрува варењето на храната и апсорпцијата на витамините, минералите и аминокиселините.
- Ја подржува развојот на силни коски и заби, така што ја подобрува апсорпцијата на калциум и магнезиум, и превенира појавата на остеопороза.
- Ја подобрува секрецијата на инсулин и помага во стабилизирањето на крвниот шеќер, така што го намалува ризикот од дијабетес.
- Ја помага работата на панкреасот и ги намалува симптомите поврзани со панкреатитис.
- Ја намалува болката и иритацијата предизвикана од хемороиди.
- Превенира појава на канцер на градите и дебелото црево.
- Добар е за здравјето на кардиоваскуларниот систем и помага за намалување на артериосклероза.
- Поседува антиоксидантни карактеристики и го штити организмот од штетните радикали кои што доведуваат до предвремено стареење и дегенеративни заболувања.
- Помага при појава на инфекции на уринарниот тракт, така што ги разградува бубрежните камчиња.
- Ја поддржува функцијата на тироидната жлезда.
- Го олеснува намалувањето на телесната тежина, така што го забрзува метаболизмот.