Велигден ги соединува луѓето најчесто околу богата трпеза со разни вкусни специјалитети. А ако сеуште го немате смислено вашето мени за велигденските празници, тогаш вие сте на вистинското место. Ви издвојуваме 2 рецепти за главно јадење кои одлично ќе ја надополнат Велигденската трпеза. Нека овие празници бидат повод да ги пробате и да ги изненадите вашите најблиски со вкусно јадење.
Може да ве интересира и: Велигденски ручек – супер совети за организација и декорација на празнична трпеза.

Велигденска свинска коленица
За богата празнична трпеза ви предлагаме оваа година да подготвите свинска коленица, а како прилог супа која ќе ја направите со бујонот од месото и зеленчукот. Така одеднаш ќе добиете предјадење и главно јадење и на тој начин ќе заштедите време. Вкусно и примамливо за целото семејство.
Состојки:
- 1 свежа свинска коленица (околу 2 кг)
- 2-3 моркови
- магдонос по вкус
- 1 крукче целер
- 2 помали кромиди
- 2 чешниња лук
- 1 лажичка црн пипер во зрно
- 1 ловоров лист
- 1 лист свежа зелка по желба
- сол по вкус
- 2 л вода.
Постапката за подготовка на велигденската свинска коленица прочитајте ја тука.
Пилешки терин – свечен ролат од сечкани состојки
Овој Велигден израдувајте ги вашите најблиски со вкусен пилешки терин – свечен ролат од сечкани состојки, а ние ви гарантираме дека овој ручек ќе ги задоволи вкусовите и на најпребирливите гости.
Состојки:
- 600 грама пилешко бело месо
- 3 варени јајца
- 2 свежи јајца
- 200 грама кашкавал
- 200 грама сланина
- 1 главица кромид
- 1 мала кифла
- 1 лажица сенф
- масло по потреба
- презла
- путер за премачкување
- малку млеко
- сол по вкус
- црн пипер по вкус.
Подготовката на пилешкиот терин прочитајте ја тука.
Ви препорачуваме да прочитате: Ролат од свинско филе со зеленчук и кашкавал.