Овој избор на состојки не може, а да не даде фантастичен резултат! Па и вака организирани во ролат од свинско филе со зеленчук и надополнети со сочноста на кашкавалот, што да кажеме, мора да се направи во првата погодна прилика за време на радување со саканите!
“Правам најразлични ролати од месо, за гости ми е најубав ручек, односно за празници, баш е свечен ручек. Одлично се вклопува дури и во некои диети, комбинацијата ви ја препорачувам.“ – вели Весна.

Состојки:
- свинско филе по потреба
- неколку цветови карфиол
- црвена пиперка
- суви пиперки
- морков
- лук
- маслиново масло
- сол, црвен пипер, црн пипер, сушен зачин, триена сол по вкус
- рузмарин по вкус
- рендан кашкавал по потреба
- печурки по потреба.
Подготовка:
- Пиперките, карфиолот, морковот и лукот се подваруваат со малку маслиново масло и вода. Потоа се цедат, се миксираат со сол и зачини по вкус, црвен пипер, црн пипер, триена сол.
- Месото се отвора, обично се сече два пати и е доволно за ролат. Значи се засекува од десно една третина, па се отвара на лева страна, а десната се засекува од средина и се отвара како книга.
- Се поросува со зачините, а рузмарин може да ставите и повеќе.
- Одозгора се става од пасираниот зеленчук како фил и врз него рендан кашкавал во средината. Се витка и се врзува со конец да не се отвори.
- Се пржи на грил тава премачкана со маслиново масло, а потоа се сече, се вади конецот и се сервира со филот од зеленчук и печурки. По желба можете да сервирате и со ориз/компир, по желба.
- Месото треба да остане сочно внатре, да не се исуши, односно не му треба долга обработка на свинското филе.
- Печурките едноставно испечете ги на грил тавчето, а може да ги прелиете со рузмарин и лукче. Пробајте, ем декоративно, ем здраво. На здравје!
Рецептот го испратил: Весна Рор, vesnarohrrecepti.com
Ви препорачуваме да прочитате: Ролат од мелено месо и варени јајца.