Во случај да ви останале варени јајца од велиденските празници, еве рецепт кој ќе ви биде добредојден. Станува збор за вкусен ролат од мелено месо и варени јајца, кој изгледа преубаво.
Предлогот ни доаѓа од нашата пријателка Лана, која рецептот го објави на нејзиниот блог Kuhinjica Mignone.

Состојки:
- 600 грама мелено месо
- 1 поголема главица кромид
- 2 парчиња бајат леб
- малку млеко
- 1 лажица мешан зачин
- ½ мала лажичка сол
- црн пипер по вкус
- ситно сечкан магдонос
- 1 свежо јајце
- 6 до 7 варени јајца.
Подготовка:
- Кромидот ситно исечкајте го.
- Во нелеплива тава на оган ставете малку масло да се загрее. Во загреаното масло, додајте го кромидот и пропржете го.
- Млекото ставете го во чинија и додајте ги парчињата бајат леб. Најдобро е да ја користите само средината, без кората.
- Во длабок сад ставете ги меленото месо, додајте ги зачините по вкус, пропржениот кромид, омекнатиот леб, 1 јајца, сечканиот магдонос и 2 до 3 лажици лебни трошки, ако смесата е премногу мека.
- Правоаголниот калап премачкајте го со путер или маргарин, наросете го со лебни трошки, а по желба може да го обложите со тенки ленти славина. Ставете половина од смесата, а преку неа наредете ги излупените варени јајца. Потоа ставете ја преостанатата смеса за ролатот.
- Калапот ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, за време од 40 минути. Печениот ролат од мелено месо и јајца оставете го кратко да се излади. Потоа, сечете парчиња и послужете го додека е топол, во комбинација со пире и зелена салата. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Ролнички од месо и варени јајца.