Пилешки терин - свечен ролат од сечкани состојки 1

Пилешки терин – свечен ролат од сечкани состојки

Доколку сеуште го немате смислено вашето мени за велигденските празници, ние имаме една супер идеја за вас. Овој Велигден израдувајте ги вашите најблиски со вкусен пилешки терин – свечен ролат од сечкани состојки, а ние ви гарантираме дека овој ручек ќе ги задоволи вкусовите и на најпребирливите гости.

Иако, на прв поглед подготовката на овој свечен ручек може по малку да ви изгледа сложена и да ви се чини дека за него ви се потребни многу состојки, тоа воопшто не е така. Сите потребни состојки се лесно достапни, а во неговата подготoвка може да се снајдат и помалку искусните домаќинки, тоа ни го потврди и нашата пријателка Лана од блогот Кuhinjica-Мignone.

Пилешки терин - свечен ролат од сечкани состојки 2

Состојки:

  • 600 грама пилешко бело месо
  • 3 варени јајца
  • 2 свежи јајца
  • 200 грама кашкавал
  • 200 грама сланина
  • 1 главица кромид
  • 1 мала кифла
  • 1 лажица сенф
  • масло по потреба
  • презла
  • путер за премачкување
  • малку млеко
  • сол по вкус
  • црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Пилешките филети измелете ги во машина за месо или ситно исечкајте ги, но оставете неколку поголеми коцкички, бидејќи на тој начин кога ќе се сечат парчињата од ролатот, тој ќе има попривлечен изглед на пресек.
  2. Потоа, добро исчистете го кромидот, ситно исечкајте го и попржете го на малку масло.
  3. Кифлата потопете ја во малку млеко за да омекне.
  4. Кашкавалот и варените јајца исечкајте ги на ситни коцкички и измешајте ги со меленото бело месо.
  5. Во смесата со бело месо додајте ги и свежите јајца, пропржениот кромид, омекнатата кифла, сенфот и зачини по вкус.
  6. По потреба може да додадете и малку лебни трошки и коцкички пржена сланина. По желба, може да додадете и една црвена пиперка исечкана на ситни коцкички, за да се добие интересна шара на месото.
  7. Правоаголниот калап за ролат, премачкајте го со путер и посипете го со лебни трошки, а потоа обложете го со тенки листови сланина.
  8. Во вака подготвениот калап ставете ја припремената смеса со мелено месо.
  9. Доколку листовите сланина се подлоги од калапот, едноставно префрлете ги преку смесата од ролатот.
  10. Во поголем длабок плех, турете малку вода и во него ставете го калапот со месо. Водата треба да стигнува до половина од калапот.
  11. Вака подготвениот ролат печете го на 200 степени, околу 1 час, а кога теринот е при крај со печење, внимателно извадете го од калапот и печете го уште кратко време од сите страни за да добие фина коричка. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Ролат од свинско филе со зеленчук и кашкавал.

Сподели: