Бидејќи чајот е втор најконсумиран пијалок после водата, ви нудиме многу едноставен и лесен пристап до разбирливи информации за многубројните здравствени придобивки од повеќе чаеви и по неколку причини зошто е добро да пиете чај од жалфија, црн чај, нане и шипки.
Еве 5 затоа, на прашањето зошто да се одлучите за црн чај:
- го намалува стресот
- богат е со антиоксиданси
- го подобрува имуниот систем
- делува против висок крвен притисок
- помага во контрола на дијабетес (шеќер во крвта).
Најмалку 5 причини зошто да се одлучите за чај од жалфија:
- помага при проблеми на органите за варење
- смирува воспаленија на устата и грлото (прочитајте како помага против парадентоза)
- ги прочистува синусите и помага за полесно искашлување на слузните секрети од дишните органи
- го намалува шеќерот во крвта и ја подобрува функцијата на црниот дроб
- намалува потење и враќа енергија.

Најмалку 5 причини да се напиете чај од нане:
- помага при главоболка и ги смирува нервите
- намалува стомачни тегоби
- помага против несоница
- помага при општа слабост и малаксаност
- одличен е против настинка и кашлица.
Прочитајте подетално за чај од нане.
Најмалку 5 причини да изберете чај од шипки:
- содржи големо количество витамин Ц и затоа го одржува имунитетот
- смирува настинки и симптони на грип (покачена температура)
- ја регулира работата на системот за варење
- помага во чистење на песок од бубрезите и смирува урогенитални инфекции
- ја регулира конзистенцијата на столицата.
Ви препорачуваме да прочитате и за користа од чај од липа.