Билната медицина со векови се практикува на сите седум континенти, при што за лековита намена се користат неколку стотини различни растенија, меѓу кои се наоѓа и широко распространетата липа која најчесто се користи во облик на чај.
Цветовите од било кој вид на липа се сушат и од нив се прават разни мешавини за чаеви. Чајот од липа најчесто е користен за лекување на грип, настинки или проблеми со варењето, а новите истражувања покажуваат дека нејзините лековити својства се многу повеќе од досега споменатото.
Здравствени придобивки на липа
Цветовите на липата содржат многу природни компоненти или фитохемикалии кои се биолошки многу активни и се заслужни за поголемиот број од лековитите својства кои ги поседува.
Некои од нив се антиоксиданси, познати под името флавоноиди, меѓу кои се наоѓа и кверцетин. Антиоксидансите докажано го ослободуваат телото од слободните радикали – нестабилни хемикалии кои се формираат во кожата кога сме премногу изложени на сончева светлина или во внатрешните органи кои се изложени на токсините од опкружувањето. Со тек на време, слободните радикали ја оштетуваат ДНА на ткивото, го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, канцер и други хронични болести. Користа од липата е голема, бидејќи многу материи кои се наоѓаат во липата, вклучително и кверцетинот, кај луѓето предизвикуваат потење, кое помага за елиминација на токсините од организмот, а некои масла направени од цвет на липа имаат седативно дејство.

Чај од липа за опуштање
Веќе одамна чајот од липа се препорачува на оние кои патат од анксиозност и за сите на кои им е потребно опуштање, а потврдено е дека има и благо седативно дејство. Што се однесува на непосакувани ефекти од преголеми дози, сеуште не постојат прецизни предупредувања, па добро е да се применува во умерени дози.
Липата е одлична против настинки и затворени дишни патишта
Тоа што цветот од липа предизвикува поизразено потење може да биде од корист и доколку имате грип, сте настинале, кашлате или имате покачена температура. Чајот од липа може да ги ублажи симптомите при болка во клеточните мембрани во усната празнина, а помага и при болно грло. За тоа најзаслужни се полисахаридите – комплексни шеќери кои се наоѓаат во цветот на липата.
Чај од кората на липа
Иако во најголема мера се користат цветовите, докажано е дека и кората од липата, исто така има лековити својства. Чајот од кора на липа се користи за чистење на црниот дроб и мочниот меур, а неговото диуретско дејство овозможува и чистење на целиот организам. Во поедини случаи, овој чај може да доведе до намалување на крвниот притисок, па оние кои имаат низок притисок подобро да го избегнуваат.
Припрема и дозирање на чај од липа
Најдобро е да користите липа која е природна или барем да не е пакувана во филтер ќесички. Една лажичка сушени цветови од липа, прелијте ги со шолја врела вода и оставете да стои 15-20 минути. Пијте 2-3 шолји дневно, по потреба. Во нормални количини чајот од липа е корисен и безбеден, а пожелно е да го избегнуваат трудници, доилки и срцево болни. Ако имате било каков сомнеж околу консумацијата, посоветувајте се со вашиот лекар.