Јаболковата киселина е совршен додаток на речиси секоја салата, а нутриционистите често ја препорачуваат за детоксикација. Последните трендови за нега на косата и кожата ги препорачуваат природните козметички средства кои често пати во својот состав содржат јаболкова киселина. А за да ги искористите нејзините придобивки за нега на косата не мора да купувате скапи шампони, регенератори или спреови за коса. Пробајте ги домашните третмани за нега на косата со јаболкова киселина!
За да постигнете најдобар ефект со овие домашни третмани секогаш користете органска или домашна јаболкова киселина. Убаво е тоа што тие се евтини и се прават многу брзо и едноставно. Па, повеќе нема да имате изговор да не ѝ ја пружите негата на косата која ја заслужува.

Третман од јаболкова киселина за осветлување на косата
Осветлувањето на косата е прилично едноставно. На плавата коса може да ѝ го вратите првобитниот сјај само со јаболкова киселина и вода. Заинтересирани? – Еве како:
Состојки:
- 2 чаши вода
- 2 лажици јаболкова киселина
Начин на подготовка и употреба:
- Во помал сад на тивок оган варете ја водата заедно со јаболковата киселина околу 15 минути.
- Вака подготвената вода со киселина оставете ја да се излади.
- Врз косата ставете половина од растворот со вода и киселина и кратко измасирајте. Потоа измијте ја косата со шампон, исплакнете ја и на крај нанесете го преостанатиот дел од растворот со киселина и вода. Косата исушете ја со фен.
Сакате светли прамени? Направете третман со јаболкова киселина и лимон
Не само што ќе ја зајакнат и смират разлетаната коса, јаболковата киселина во комбинација со лимонот може да ви помогнат за осветлување на прамени.
Состојки:
- свежо цеден сок од лимон
- јаболкова киселина.
Начин на подготовка и употреба:
- Помешајте еднакви делови од јаболкова киселина со свеж сок од лимон. Растворот ставете го во шише со распрскувач.
- Одвојте ги прамените кои сакате да ги осветлите и испрскајте ги. Оставете киселината и лимонот да делуваат околу 10 минути или малку повеќе. За да го засилите ефектот на третманот косата сушете ја на сонце.
- Потоа исплакнете ја со млака вода, а мирисот на киселина ќе испари откако косата ќе се исуши.
Вратете го сјајот и подобрете ја бојата на темна коса
Имате темна коса? Сакате ли да ја освежите? Време е за домашен третман и нега на косата со јаболкова киселина.
Состојки:
- ½ чаша јаболкова киселина
- ½ чаша соја сос.
Начин на подготовка и употреба:
- Во еден сад помешајте половина чаша јаболкова киселина со половина чаша соја сос.
- Измијте ја косата со шампон и нанесете ја вака подготвената маска.
- Оставете ја да дејствува неколку минути, а потоа и исплакнете ја со топла вода.
Ви препорачуваме да прочитате: Тајната на лековитоста на јаболковата киселина.