болки во грлото - домашни третмани

3 домашни третмани за спас од болки во грлото – совети од Д-р Нела Деспотовска

Веќе е зима. Ладните денови се пред нас, а исто и настинките и вирусите. Еден од првите симптоми на настинка се непријатните болките во грлото. Како истите да се надминат? Дали постои природно решение и како може да си помогнеме? – На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска. 

Кои се причини за појава на болки во грлото?

Болката проследена со црвено грло, кашлање и отежнато голтање е знак дека постои инфекција на грлото. Овие воспаленија може да бидат предизвикани од вируси, бактерии, а поретко од габички. Најчести причинители за појава на црвено грло се риновирусите, а бактериите се чест придружник на вирусот. 

болки во грлото

Што може да помогне?

Најважно е да се работи на подигнување на имунитетот. Ако имуниот систем е силен, тогаш и настинките ќе бидат ретки. Ако имунитетот ви е слаб, зајакнете го со квалитетни додатоци во исхраната. Се препорачува во ладните месеци да се земаат:

Земајте OralBiotic – природен пробиотик за заштита на ушите, носот и грлото

OralBioticот ја зголемува отпорноста кон инфекциите со одржување на природна бактериска рамнотежа. Тој е единствен и комплетно нов концепт во исхраната кој содржи напреден пробиотик BLIS K12, за поддршка на здравјето и рамнотежата на микрофлората во устата, грлото и средното уво. BLIS K12 е специфичен вид на Streptococcus salivarius (S. salivarius), еден од најбројните и најполезни бактерии кои се наоѓаат во устата на здравите луѓе. Меѓутоа, само мал број на луѓе продуцираат S. Salivarius. Овој вид на бактерија е откриен од страна на научниците кои ги прателе здравите деца неколку години кај кои не се појавило воспалено грло.

Оралбитоик - пробиотици за грло

Како делува OralBiotic?

Кога организмот е во здрава состојба нашата уста е заштитена со полезна бактериска микрофлора која делува како природен одбрамбен штит. Кога организмот е под стрес и нападнат со вируси и штетни бактерии доаѓа до пореметување на микрофлората во устата поради што се развиваат инфекции на горните дишни патишта.

Инфекцијата на грлото и носот може да се прошири и да предизвика воспаление на увото, кое е почесто кај малите деца.

OralBiotic испорачува 2 милијарди корисни бактерии директно во устата со што го враќа организмот во рамнотежа. 100 пати е поефикасен од традиционалните антисептички пастели за лижење.

OralBiotic може да се набави од:

За консулатации, контактирајте ја Д-р Нела Деспотовска на  02 32 46 000 секој работен ден од 8 до 16 часот. 

А кога ќе се јават првите болки во грлото, дополнително може да ви помогнат:

Гаргара со солена вода

Во чаша топла вода додајте ½ мала лажичка сол. Измешајте со лажица, а потоа направете гаргара, како и што правите со растворот за плакнење на забите. Солта помага за намалување на слузта, воспалението и болките. 

Мед

Медот има антибактериски својства, па е одличен домашен „помошник“ за болки во грлото. Помага во уништувањето на штетните бактерии кои ги предизвикуваат болките во грлото. Може да земете една лажица мед и да ја проголтате директно или да ја измешате со сок од свеж лимон. Исто така може да ја додадете во чаша топол чај од камилица. 

Совет плус:

Кога состојбата се влошува, а болката станува се посилна и значително изразена при голтање, телесната температура е повисока од 38,5 степени, се јавува општа слабост, главоболка, болка во стомакот, гадење и повраќање, тоа укажува на акутна бактериска инфекција. Во овој случај ви препорачуваме задолжително и што поскоро да го посетите вашиот лекар.

Може да ве интересира: Д-р Нела Деспотовска советува: Справете се со респираторните заболувања во ладните денови.

*Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: