3 испробани рецепти за козињак (милиброд) 1

3 испробани рецепти за козињак (милиброд)

Секое поднебје различно ги нарекува, но радоста која ја носат во сите домови е подеднакво голема! Како и секој Велигден и овај да го закитиме со превкусен козињак, милиброд, плетенка… Нека се радуваат домашните, нека се сладат усните!

Во оваа прилика ви избравме три нови испробани рецепти за празничната трпеза.

3 испробани рецепти за козињак (милиброд) 2

Традиционален Велигденски милиброд (козињак)

Станува збор за неизбежното, совршено вкусно и слатко Велигденско лепче кое мора да се проба. Весна го споделирецептот со нас, а ние со големо задоволство го споделуваме со сите вас. Кликнете тука за да погледнете како да го направите традиционалниот милиброд на Весна.

Козињак (милиброд) со суво грозје и портокал

Рецептот е испробан во кујната на Даниела, која со радост го сподели со нас. Ние го имаме направено повеќе пати, а најинтересна форма ни козињакот во куглоф.

Состојките и деталната подготовка може да ги погледнете на овој линк. Ако се одлучите да го правите нема да згрешите воопшто!

Плетенка (козињак) со кокос и фил од мармалад

На предлог од Диана, го споделуваме преубавиот рецепт за велигденска плетенка со кокос и фил од мармалад.  Наведените состојки се доволни за две плетенки, а рецептот со чекорите за подготовка може да го погледнете тука.

Бидејќи ги обожаваме козињаците, а посебно за време на Велигденските празници, во препораката подолу ви ставивме уште 5 различни предлози кои се испробани од нас или нашите соработници. Уживајте во разгледувањето и знајте дека што и да изберете ќе бидете задоволни од вкусот!

Ви препорачуваме да прочитате: 5 избрани рецепти за велигденски козињак (плетенка, милиброд).

Сподели: