3 комбинации со мед со ореви против анемија, висок притисок и чир на желудникот

Сигурно сте слушнале за големите придобивки од консумацијата на мед, но комбинацијата со ореви е прав избор за здравјето. Оревите изобилуваат со хранливи состојки, а заедно со медот се добива енергетска „бомба“ која често се користи како народен лек при анемија, покачен крвен притисок и чир на желудникот. Па, во комбинација, овие две намирници го снабдуваат организмот со речиси сите потребни витамини и минерали. Затоа, народот со векови ги употребува во народната медицина за правење на многу домашни лекови од мед со ореви.

Во продолжение прочитајте неколку комбинации чии главни состојки се токму оревите и медот. Ви гарантираме дека повкусен „лек“ никогаш не сте пробале!

3 комбинации со мед со ореви против анемија, висок притисок и чир на желудникот

Комбинација од ореви со мед против висок крвен притисок

Високиот крвен притисок или хипертензија е честа здравствена состојба која се среќава кај 60% од луѓето на возраст над 65 години. Треба да се обрне големо внимание на оваа тема затоа што високиот крвен притисок претставува прикриена и сериозна закана за здравјето. Ако имате хипертензија ви препорачуваме да ги прочитате 8-те совети кои ќе ви помогнат при висок крвен притисок и да ја вклучите слатката комбинација од мед и ореви.

Состојки:

  • 30 г ореви
  • 30 г природен мед.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Во сад помешајте 30 г ореви со 30 г мед.
  2. Оваа мешавина треба да се изеде за еден ден, а за најдобри резултати треба да се консумира секојдневно во период од 45 денови.

Комбинација од мед со ореви против анемија

На денешно време анемијата е сѐ почеста појава, а ретко кој прво се запрашува дали може да ја излечи по природен пат, туку прво посегнува по лекови. Треба да знаете дека крвта е може да ја зајакнете со природни состојки, па медот и оревите се прв избор. Ако имате низок хемоглобин и железо прочитајте ги овие совети како и пригответе ја комбинацијата со мед и ореви.

Состојки:

  • ½ кг природен мед (препорачуваме да користите дабов или планински мед)
  • ½ кг мелени ореви
  • сок од 1 лимон.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Во ½ килограм мед ставете ½ килограм мелени ореви и сок од еден лимон.
  2. Сите состојки добро измешајте ги.
  3. Лекот против анемија од мед и ореви чувајте го во чиста тегла на темно и суво место.
  4. Од вака подготвениот мед јадете по 1 супена лажица, 3 пати на ден.

„Млеко“ од ореви и мед против чир на желудник

Направете си вкусно „млеко“ од ореви и мед и пијте го пред секој оброк. Тоа може да ви помогне за намалување на симптомите при чир на желудникот.

Состојки:

  • 2 лажици ситно мелени ореви
  • 1 чаша топла вода
  • 2 лажички мед.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Мелените ореви измешајте ги со топла вода. Ставете ги во блендер и миксирајте додека добиете млеко. По желба, млекото од ореви процедете го. На крај додајте 2 лажички мед и измешајте.
  2. Од вака подготвеното млеко од ореви засладено со мед пијте по 2-3 лажици пред секој оброк.

Ви препорачуваме да прочитате: Направете лек со мед и ореви за зајакнување на имунитетот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: