Еве како да не ви солзат очите при сечкање на кромид 1

3 начини за сечење кромид без да ви солзат очите

Помеѓу готвачите постојат толку многу верзии за тоа како се победува „плачењето“ при сечење кромид, а нам ни се чини дека тој сеуште е „непобедлив“. Токму затоа, ви предлагаме неколку начини како да ги спречите солзите кога сечете кромид.

Веројатно ви се случило и вас да сечкате кромид кога ги сте правеле своите први кулинарски чекори. Ви течеле солзи како да сте тажни, а потоа сте направиле грешка и сте се обиделе со рака да ги избришете солзите. Ви звучи познато?

А, знаете ли зошто воопшто се случува оваа реакција? Може да се каже дека овој зеленчук е „борбен“ и не се предава лесно. Кога сечеме кромид, ги разбиваме неговите клетки и тој испушта клеточна течност – цитоплазма, а во комбинација со воздухот се произведува гас кој се базира на сулфур. Тоа секако не им се допаѓа на нашите очи. Штом тој гас дојде во контакт со солзната течност (првиот заштитен слој на окото) се создава сулфурна киселина. Се разбира не е пријатно чувството, па очите за да ја побегат оваа неугодност реагираат со солзи.

Веруваме дека сте слушнале за разни совети, а еве неколку од нас.

сечење кромид

Победете со солзењето на очите со ладење

Кромидот ќе прави помал проблем ако 10-15 минути пред сечкање го ставите во фрижидер или пак го потопите во сад со мраз на само 30-тина секунди. Исто така, може да помогне ако го потопите во врела вода која врие, но исто така само на неколку секунди, како и да користите остар нож за брзо сечење.

Ангажирајте ја усната шуплина

Многумина тврдат дека нема да пуштите ни солза ако додека сечкате кромид , дишете исклучиво на уста. Други пак, тврдат дека џвакањето малку леб за време на сечкањето кромид може да помогне да нема ниту една солза.

Необични трикови

Ставете вентилатор да дува на далечина од половина метар од местото на сечкање. Еден од најдобрите совети, но не и најпрактичен е да го потопите кромидот во вода, а даската за сечкање да ја натопите со киселина.

Како вие се борите со сечењето кромид?

Ви препорачуваме да прочитате: Кромид – здрава храна и лек.

Сподели: