Доколку сѐ уште го немате составено вашето празнично мени, ова е супер можност да пробате нешто ново. Во светот за божиќните празници се прави божиќно лепче, кое најчесто се приготвува со суво овошје. Многу е декоративно, па со сигурност ќе ја краси вашата празнична трпеза, а со неговиот совршен, сладникав вкус, дефинитивно никого нема да го остави рамнодушен. Па, еве 3 проверени рецепти за Божиќно лепче со суво овошје.
Прочитајте ги рецептите, изберете нешто по ваш вкус и збогатете ја трпезата!
Божиќно лепче со суво овошје и тиква
Рецептот се подготвува од повеќе состојки, но е доста лесен за правење и ќе може да се снајдат и помалку искусните домаќинки. Пробајте го и нека е на здравје!
Состојки:
- 1 2/3 чаши сенаменско брашно
- 1/3 чаша кафеав шеќер
- 1 чаша шеќер
- 1 лажичка сода бикарбона
- ½ лажичка каранфилче
- 1 лажичка цимет
- ½ лажичка морско оревче
- 1/3 чаша масло за готвење
- 1 чаша пире од тиква
- ½ чаша сечкани ореви
- ½ чаша сечкано суво овошје
- семки од сончоглед и тиква по желба
- шеќер во прав по потреба.
Подготовката прочитајте ја тука.
Божиќен колач со суво овошје
Деновиве се исполнети со празнична магија, вкусни солени и слатки јадења, а трпезата за еден од најголемите христијански празници не би можела да се замисли без традиционалниот божиќен колач со суво овошје.
Состојки:
За тесто:
- 5 шолји брашно (1 шола = 200 мл)
- 1 шола млеко
- 3/4 шола шеќер
- 2 јајца
- 50 гр маргарин или путер
- 50 гр масло
- 40 гр квасец и прстофат сол.
За фил:
- 200 гр кандирано овошје (ананас, кајсии, брусница, суво грозје,изберете по желба)
- 2 ќесички ванилин шеќер
- 1/4 шола шеќер
- 1 лажица цимет
- 30 гр маргарин или путер за премачкување на кората.
Подготовката прочитајте ја тука.
Празничен леб со суво овошје
Со големо задоволство споделуваме рецепт за празничен леб со суво овошје, кој освен што е прекрасен за очи, превкусен е и за јадење!
Состојки:
За фил:
- 200 гр суви кајсии
- 125 гр суви смокви
- 125 гр суви урми
- 125 гр суво грозје
- 150 гр лешници
- 3 лажици мед
- 2 лажици рум
- 1 лажиче цимет
- 1/2 лажиче мелено каранфилче.
За тесто:
- 250 гр брашно
- 1 пакетче сув квасец (7гр)
- 1/4 лажиче сол
- 2 лажици мед
- 30 гр путер
- 125 мл млеко.
Подготовката прочитајте ја тука.
Ви препорачуваме да прочитате: 4 новогодишни и Божиќни суви колачи.