suvi kolaci 1

4 новогодишни и Божиќни суви колачи

Традиционално за новогодишните и божиќни празници во голем број домови се припремаат најразлични суви колачи кои претставуваат вистинско уживање и радост за сите, а особено за најмалите. Нека се за многу години празниците! Ви посакуваме само убавини и добри нешта во деновите кои следат, а и во новата година!

Уживајте во убавите моменти со семејството и малку заблажете се. Еве неколку убави вкусови.

suvi kolaci 2

Божиќни колачи со портокал и рум

Вкус кој инспирира! Може да ги јадете во комбинација со кафе, а во секој случај овие божиќни колачи со портокал и рум слободно може да се наречат и чајни колачи бидејќи одлично би го надополниле уживањето во шолја топол чај.

Превкусните божиќни колачи со портокал и рум доаѓаат директно од нашата кујна, а ги направивме со посебна љубов за вас. Нека се за многу години празниците. Уживајте во нив и во сите убави моменти со семејството. Рецептот за овие колачи е креиран за да биде таков што ќе ги усреќи сите кои ќе го пробаат, а може да го прочитате тука.

Божиќни колачи со лешници

Ако барате нова идеја за многу вкусни божиќни колачи, вие сте на вистинското место. Направете ги и уживајте во прекрасната арома на лешници, ванила, цимет и бело чоколадо! За да го прочитате рецептот кликнете тука.

Суви празнични колачи со лешници и цимет

Овие колачи може да ги правите во различни форми, да се препуштите на фантазијата и да ги декорирате по желба, а рецептот е тука.

Празнични медени колачи

Медените колачи се едни од препознатливите кои ги има на празничните трпези. Крцкави и вкусни, а рецептот ќе го најдете овде.

Ви препорачуваме да прочитате: Новогодишни ѕвезди со лешници и цимет.

Сподели: