3 придобивки од консумацијата на топло какао

Во ладните зимски денови, згрејте се со топло какао! Придобивките се многубројни, а уживањето е бескрајно. Овој популарен пијалак е богат со антиоксиданси, флавоноиди, а помага за подобрување на меморијата и превенирање на деменција. Продолжете со читање и дознајте што велат новите истражувања на оваа тема.

Какаото одамна се смета за лековит напиток. Во Франција, уште во 17-ти век, топлото какао се користело за намалување на нервозата и лошото расположение. Современите истражувања потврдија дека какаото и темното чоколадо го намалуваат нивото на хормонот на стрес, а имаат и бројни здравствени придобивки. Па, доколку и вие уживате во чаша топло какао имаме добри вести за вас! – Какаото изобилува со антиоксиданси кои го подобруваат расположението и флавоноиди кои спречуваат згрутчување на крвта, а според некои студии овој топол напиток помага и против деменција.

топло какао

Топлото какао содржи двојно повеќе антиоксиданси од црвеното вино

Со една интересна студија, истражувачите од Корнел Универзитетот заклучиле дека концентрацијата на антиоксиданси во топлото какао е речиси за 2 пати повисока во споредба со црвеното вино, 2 до 3 пати во споредба со зелениот чај и 4 – 5 пати споредбено со црниот чај. Професорот Чанг Јонг Ли, кој го предводел истражувачкиот тим, нагласил дека важно е какаото да се пие топло, бидејќи на тој начин се ослободува поголем процент на антиоксиданси.

Какаото е богато со флавоноиди и е чувар на здравјето на срцето

Една чаша топло какао содржи 611 мг гална киселина (танини) и 564 мг епикатехин (флавоноид). Галната киселина помага при внатрешни крвавења, како и при албумини во урината (состојба која укажува на проблеми со бубрезите и дијабетес). Флавоноидите кои се наоѓаат во топлото какао учествуваат во метаболизмот на азотните оксиди и на тој начин влијаат за подобрување на циркулацијата, намалување на крвниот притисок и зачувување на здравјето на срцето. Покрај тоа, флавоноидите од топлото какао го спречуваат згрутчувањето на крвта и создавањето на калцификати.

Топлото какао ја подобрува меморијата и помага во превенција на деменција

Според Американската Асоцијација за унапредување на науките, пиењето топло какао може да помогне во подобрувањето на меморијата, бидејќи флавоноидите ја зголемуваат циркулацијата и дотокот на крв до мозокот. Тоа е од голема важност за превенција на деменција, заболување при кое се јавува намален доток на крв до мозокот.

Препорака и рецепти од нас:

Гореспоменатите придобивки се однесуваат за чистото какао во прав кое не содржи додатоци во својот состав. Како таков производ можеме да го препорачаме какаото од Витаминка кое има убав чоколаден вкус. Може да го приготвите така што ќе го сварите со кафеав шеќер или стевиа во прав, а по желба додајте и млеко.

топло какао

Чоко-кокос напиток без шеќер

Друг интересен рецепт со кој може да направите напиток од топло какао е чоко-кокос. Посно, веганско, без шеќер и без глутен. За да го направите потребни ви се:

Во блендер ставете ги сите состојки. Миксирајте додека добиете хомоген пијалок, а потоа загрејте го и уживајте во светот на вкусовите!

Ви препорачуваме да прочитате: 5 добри причини за жените да јадат повеќе чоколадо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: