Василичарскиот мазник со паричка е наизбежен традиционален обичај во нашиот крај. Без разлика дали ќе бидете со друштво или во склоп на семејството, главниот оброк е Василичарскиот мазник со паричка, кој се дели на онолку делови колку што има луѓе на трпезата. Се верува дека на тој што ќе му се падни паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Па, во пресрет на овој празник ви споделуваме 3 проверени и испробани рецепти за Василичарски мазник од Катерина Шамбевска Спасеновска, уредник и фуд блогер од нашиот тим.
Прочитајте ги рецептите и оваа година пробајте нешто ново! И не заборавајте да ни пратите фотографии и да ни кажете како ви се допаднаа.

Мазник со готови кори – лесен рецепт
Ако обожавате да јадете мазник, а не сакате да тегнете или сукате тесто, еве најлесен начин да стигнете до целта, направете мазник со готови кори. Многу е вкусен и супер лесен и за нови и за искусни домаќинки кои штедат време.
Состојки:
- 1 паковање готови кори
- 1 коцка квасец
- сирење/изварка по потреба
- 200 мл млеко
- 70 мл масло
- малку сол (количина еднаква на рамно мало лажиче)
- малку шеќер (количина еднаква на рамно мало лажиче).
Подготовката на мазникот со готови кори прочитајте ја тука.
Тегнети мазничиња со кисела зелка
Подготвено и фотографирано во мојата кујна! – Одличното кај овие мазничиња е што едно од нив е доволна доза за оброк на едно лице и тоа ќе му се допадне на секого!
Состојки:
За тесто:
- 1 кг брашно (по потреба може да ви треба уште малку)
- 1 лажичка сол
- 125-150 мл масло
- 500 мл млака вода за замесување.
За филовање и попрскување на кори:
- 1 поголема кисела зелка (по потреба може да варира количината)
- масло по потреба.
Поготовката на мазничињата прочитајте ја тука.
Брз рецепт за посен мазник од готови кори
Пробајте го, за кратко време ќе имате вкусна радост на трпезата. Да уживаме во вкусот пријатели!
Состојки:
- 1 пакување посни готови кори
Смеса за попрскување:
- 1 коцка свеж квасец
- 200-250 мл млака вода
- ½ чаша брашно
- малку сол (количина еднаква на рамно мало лажиче)
- малку шеќер (количина еднаква на рамно мало лажиче).
Дополнително и за фил:
- масло по потреба на секоја кора
- околу 400 грама или по потреба чистен спанаќ
- сусам по потреба.
Подготовката на посниот мазник од готови кори прочитајте ја тука.
Препорака од авторот:
За повеќе испробани рецепти разгледајте ги моите профили каде објавувам рецепти креирани во мојата кујна и заследете ме:
- Instagram:@katerina.shambevska
- Facebook: Katerina Sambevska Spasenovska.
Автор на рецептите и фотографиите: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате: Од кујната на Катерина: Брз рецепт за посен мазник од готови кори.