Топли или ладни, чаевите се одличен и вкусен начин за да го обезбедите организмот со потребната хидратација и корисни состојки кои може да ви помогнат да го подобрите здравјето и функцијата на клетките, ткивата и органите. Можете да ги засладите со кафеав шеќер, мед или стевиа, да додадете цеден сок од цитрусни овошја и да направите супер пролетно освежување за пролетните денови. А бидејќи времето е променливо, треба да знаете кои 3 чаеви се препорачуваат во пролет.
Има толку многу чаеви на располагање, па често се јавува забуна како да го изберете вистинскиот чај за вас, дали и колку тој е безбеден за употреба, но и колку е ефикасен во надминувањето на најчестите здравствени проблеми. Затоа направивме листа на чаевите кои се лесно достапни, имаат добар ефект и што е најважно се препорачуваат од страна на многу здравствени експерти.

Чај од нане
Чајот од нане, освен што е многу вкусен и има повеќе здравствени придобивки. Благодарение на неговата убава арома, може да се користи како природен освежувач на здивот. Истражувањата покажуваат дека чајот од нане:
- го подобрува варењето на храната (добро би било да се пие по јадење) и ги ублажува грчевите на дигестивниот тракт
- помага при болки во грлото и ги ублажува респираторните проблеми
- го намалува отокот и покачената температура.
Покрај тоа, може да ви помогне да се чувствувате будни и да бидете фокусирани, па лесно да го надминете пролетниот замор. Затоа изберете чај од нане и уживајте во аромата!
Чај од камилица
Камилицата е позната како најдобриот природен лек против воспаленија, болки, несоница, нервоза, бавно варење на храната и кожни болести. Илјадници години е позната по своето смирувачко дејство, а корисна е:
- при пролетни алергии
- му помага на телото полесно да се прилагоди на температурните промени
- го намалува стресот, смирува нервниот систем и помага во релаксирање на телото и умот
- ја ублажува анксиозноста, напнатоста, нервозата и раздразливоста.
Чајот од камилица користи стотици години како лек за при менструални болки, воспаленија, реуматични болки и хемороиди, а особено е ефикасен при несоница. Советуваме пред спиење да се напиете чај од камилица и да ги искористите придобивките кои ни ги нуди природата!
Чај од хибискус
Чајот од хибискус е освежителен напиток, со киселкаст вкус кој се должи на лимонската киселина во неговиот состав. Бидејќи не содржи кофеин и теин, погоден е за опуштање. Содржи и голема количина на витамин Ц како и 7.5-9.5% железо, флавоноиди, ензими, етерични масла и овошни киселини. Благодарение на својот состав, влијае многу поволно врз здравјето. Чајот од хибискус се препорачува за:
- детоксикација на организмот по празниците
- за забрзување на метаболизмот
- зајакнување на имунитетот
- при стомачни проблеми.
Ви препорачуваме да прочитате: 7 начини да ги искористите употребените ќесички за чај.