карсерола копани

3 креативни рецепти: касерола, крцкави копани и корн дог

На Инстаграм профилот на СИКА најдовме 3 интересни и креативни рецепти за подготовка на касерола, крцкави копани и корн дог. Многу ни се допаднаа, па рецептите ги објавуваме и на sezahrana.mk.

Касерола со леб

Разбудете ги вашите најмили со мирисот на овој вкусен појадок. Лесен е, супер брз за подготовка, се спрема од вечер, а го печете следното утро пиејќи го утринското кафе. Препорачуваме да го подготвите за викенд или за време на празници, кога имате останати намирници во фрижидер. Ова е добар начин да ги искористите и да уживате во богатиот вкус на оваа касерола.

Крцкава кора и нежна воздушеста внатрешност, се создава со додавање на една единствена состојка… леб.

касерола сика

Состојки:

Подготовка:

  1. Во намарсена тепсија го редиме лебот исечен на коцки и ги додаваме останатите состојки (кашкавал, шунка, кулен……).
  2. Јајцата ги матиме во длабок сад со жица за матење и ги додаваме млекото и зачините. Со смесата го поливаме лебот. Тавата ја оставаме преку ноќ во фрижидер.
  3. Печете ја во загреана рерна на 170 степени за време од 50 минути до 1 час. Печената касерола оставете ја кратко да се излади, а потоа исечете парчиња и послужете ја.

Крцкави зачинети пилешки копани

Овие екстра крцкави, зачинети пржени пилешки копани сигурно ќе станат омилени во вашето семејство. Подготовката е малку подолготрајна, но крајниот резултат ќе ве воодушеви!

крцкави копани сика

Состојки:

  • 8 пилешки копани
  • ½ л млеко
  • 2 лажици свежо цеден сок од лимон
  • сол, црн пипер и лук во прав по вкус
  • 3 големи јајца
  • 1/3 чаша вода
  • 1 чаша брашно
  • 1 лажиче сол
  • 2 лажички мелен црн пипер
  • 2 лажички мелен црвен пипер СИКА
  • 2 лажички лут буковец СИКА (по можност сомелете го со блендер)
  • масло за пржење по потреба.

Подготовка:

  1. Млекото ставете го во сад и додајте 2 лажици свежо цеден сок од лимон. Измешајте и оставете го 15-тина минути на собна температура.
  2. Во голема чинија или зип ќеса ставете ги пилешките копани и додајте го млекото. Маринираното пилешкото месо чувајте го фрижидер за време од 2 часа, а најдобро е преку ноќ. Маринадата овозможува месото да ја задржи сочноста и по пржењето.
  3. Пилешкото месо извадете го од маринадата и избришете го со кујнска хартија. Убаво зачинете го со сол, мелен црн пипер и лук во прав.
  4. Во длабок сад ставете ги јајцата и водата. Изматете ги со виљушка или жица за матење.
  5. Во друг сад измешајте ги брашното, солта, црниот пипер, мелениот црвен пипер СИКА и лутиот буковец СИКА.
  6. Пилешките копани валајте ги во смесата со брашно и зачини, а потоа ги потопете ги во изматените јајца. На крај, повторно ги валајте ги во смесата со брашно. Оваа постапка овозможува да се креира супер густа, крцкава двојна обвивка, која помага да се сочуваат соковите на пилешкото месо во внатрешноста.
  7. Вака подготвените копани наредете ги врз кујнска решетка. Решетката ставете ја во фрижидер за време од неколку часа. Така обвивката ќе се задржи околу пилешкото месо за време на пржењето.
  8. Маслото ставете го во фритеза или длабоко тенџере. Загрејте го на средно висока температура. Во загреаното масло пржете ги копаните од сите страни за време од 20 до 25 минути.
  9. Пржените копани извадете ги врз кујнска решетка и оставете ги кратко да се изладат. Крцкави однадвор, сочни одвнатре, доволно зачинети, превкусни!

Корн дог

Во вашиот дом ги носиме духот и авантурите на Дизниленд. Го споделуваме рецептот за добро познатите Дизниленд виршли. Пробајте ги и уживајте во вкусот заедно со целото семејство.

корн дог сика

Состојки:

  • 130 г пченкарно брашно
  • 120 г брашно
  • 50 г шеќер
  • 1 лажиче мелен црвен пипер СИКА
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • 1 изматено јајце
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица мед
  • 240 мл млеко
  • 8-10 варени виршли
  • масло за пржење по потреба.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ги сувите состојки (брашното, шеќерот, црвениот пипер, солта и прашокот за печиво). Добро измешајте и додајте ги течните состојки (млекото, јајцето, медот и маслото). Смесата измешајте ја со жица за матење.
  2. Во внатрешноста на секоја виршла ставете стапче за ражнич. Најдобро е да користите помали виршли или да ги пресечете на половина, а пржењето да го направите во ѓезве.
  3. Секоја виршла потопете ја во смесата и ставете ја да се пржи во загреаното масло за време од 2 до 3 минути на умерено висока температура. На ист начин можете да подготвите и моцарела топчиња или пак стапчиња со кашкавал. Уживајте во готвењето со зачините на СИКА.

Ви препорачуваме да прочитате: Топ 6 придобивки од сушената црвена пиперка.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: