3 начини за лесна и најдобра припрема на риба 1

3 начини за лесна и најдобра припрема на риба

Многу луѓе иако обожаваат да јадат риба, избегнуваат да ја припремаат поради ширењето на специфичниот мирис и мрскање на масло и подалеку од тавата во која се пржат. Ви предлагаме да ги прочитате 3-те начини за за што полесна и најдобра припрема на риба.

Припремањето на рибата не е секогаш лесна задача. Но, со оглед на тоа што станува збор за здрава намирница и добро е да ја припремаме што почесто, еве кои начини ги издвоиме за често практикување во вашиот дом.

3 начини за лесна и најдобра припрема на риба 2

Риба на скара

Припремањето на рибата на скара е комформно со самиот факт што се одвива надвор. Така, нема прскање на шпоретот, ниту задржување на непријатен мирис во домот. Сепак, има нешто што треба да знаете кога припремате риба на скара, најдобро е да изберете помрсна риба како што е лосос, скуша или туна.

Варење

Ако се одлучите да приготвите чорба од риба, односно да ја сварите, како еден од најздравите начини за јадење риба, ве информираме дека осличот ви е добар избор за оваа намена.

Печење во рерна

Ако рибата ја печете во рерна, препорачливо е во тавата да додадете зеленчук (може по ваша желба, а ние сме пробале со магдонос и лук, превкусно е). Зеленчукот ќе ја одржи рибата сочна, а за да го засилите ефектот на сочност, може да употребите и алуминиумска фолија. Освен што е сочна и вкусна, сите мириси се заджуваат во фолијата. Не треба да заборавите и на ќесите за печење, тие исто така се одлична идеја. Практични се, бидејќи рибата се пече во сопствената течност и можете да додадете зачини по желба кои ќе и дадат одлична арома. Овој начин е одличен и доколку внимавате на својата линија и применувате здрав режим на исхрана.

Ви препорачуваме да прочитате: Топ 5 совети кои треба да ги знаете при купување на свежа риба.

Сподели: