грешки при подготовка на месо

3 најчести грешки при подготовка на месо

Се восхитувате ли на сочното месо кое се нуди во рестораните, а штом го приготвите дома не го добивате истиот резултат? Дали знаете дека постојат одредени трикови при подготовката на месо? Ако досега при пржење или печење добивате суво и тврдо месо, време е да проверите дали ги правите овие 3 најчести грешки при подготовка на месо.  

Користите нелеплива тава при секое готвење

Зошто ова не е правилно: За разлика од металните тави, нелепливите тави побавно ја спроведуваат топлината, па при подготовката на месо нема да добиете интензивна кафеава боја, вели Том Брена професор по нутриција на Корнел Универзитетот. А плус тоа, ќе ви биде потребно повеќе време при пржењето на месото.

Што да направите: Омилената нелеплива тава користете ја кога приготвувате деликатна храна, како риба, похувани јадења или јадења кои се лепат, како што се јајцата. При пржење или динстање на месото користите метална тава.

грешки при подготовка на месо

Месото го превртувате премногу често за време на подготовката

Зошто ова не е правилно: „Размислувајте дека е накиснат сунѓер“, вели Такер Бунч, готвач – инструктор во кулинарскиот институт од Америка. Колку што повеќе го цедите, го притискате и го допирате, повеќе течност ќе се изгуби, а со тоа месото нема да биде сочно.  Доколку тоа го правите, на крајот од приготвувањето во тавата ќе забележите сива течност.

Што да направите: Бидете треперливи. Доколку не сте сигурни кога треба да го превртите месото, пробајте да го полизгате низ тавата или поткренете го со помош на виљушка. Кога месото е добро пржено, лесно ќе се оддели од тавата. Ако се лепи, оставете го да се пропржи уште некоја минута, а потоа превртете го на другата страна.

Го сечете месото веднаш по подготовката

Зошто ова не е правилно: Кога месото е топло, мускулните влакна се контрахираат и го ослободуваат месниот сок. Ако месото го сечете веднаш по пржењето или печењето, течноста ќе заврши врз даската, наместо во внатрешноста.

Што да направите: Оставете го месото да отстои некое време по подготовката. Доколку станува збор за поголемо парче на месо или цело пиле, почекајте околу 15 минути. За помали парчиња, доволни се 5 до 10 минути. И запомнете дека секогаш месото треба да се сечите попречно, така што ќе ги пресечите мускулните влакна и ќе добиете помеко парче.

Ви предлагаме да прочитате: 5 најчести грешки при похување на месо.

Сподели: