Не можете да одолеете, а да не грицкате нешто измеѓу оброците, додека работите пред компјутер или ја гледате омилената серија? – Тогаш овие 4 здрави грицки се токму за вас. Ем нема потреба да се откажете од навиката да грицкате нешто, ем ќе грицкате нешто здраво.
Најдобар начин да се откажете од нездравите и нутритивно сиромашни грицки е тоа истите да ги замените со грицки кои се здрави и богати со хранливи состојки.

Пуканки
Пуканките се единствени грицки кои содржат 100% необработено цело зрно од пченка. Се смета дека само една порција пуканки задоволува 70% од дневните потреби на човекот за житарици од цело зрно. Најдобро е да ги припремате во тава со малку маслиново масло. Пуканките подготвени во тава се многу поздрава верзија од оние кои се подготвуваат во микробранова и се со додаток на маргарин.
Суво овошје
Тортите, чоколадата, колачите и други десерти со шеќер заменете ги со суво овошје. Сушеното овошје е извор на природен шеќер и ензими, витамини и минерали. Кај сувото овошје отстранета е влагата, а во голема мера се задржани другите состојки. Бидејќи не содржи вода, концентрацијата на шеќери е поголема, но тоа се здрави шеќери. Ако е правилно исушено и складирано, не се расипува. Дава многу енергија, па се препорачува да се консумира за појадок, во комбинација со јаткасти плодови.
Јаткасти плодови
Наместо чипс и други солени грицки, најдобро е консумирате јаткасти плодови бидејќи се нутритивно богата храна. Содржат голем број на минерали како магнезиум, цинк, фосфор и јод. Исто така, содржат и омега 3 масни киселини кои се важни за мозокот, како и витамин Е. Секојдневната консумација на јаткасти плодови помага за слабеење, го подобрува расположението и ја поттикнува работата на кардиоваскуларниот систем.
Енергетски плочки
Енергетските плочки претставуваат комбинација на целозрнести житарки, суво овошје, јаткасти плодови и мед, а често се додаваат и разни семиња. Концентрираните јаглехидрати брзо ја враќаат изгубената енергија. При тоа, важно е да се користат интегрални житарици затоа што се многу поздрави од обичните. Плочките може да се подготвуваат со ладење во фрижидер или печење во рерна. Попрепорачлив е првиот начин затоа што така повеќе се зачувуваат нутритивните својства.
Ви препорачуваме да прочитате: Здрави палачинки од банани – без шеќер и без брашно.