Погледнете што сѐ можат искуството и знаењето! Се одржа и втората епизода од нашето кулинарско шоу Kitchen wars, кое го реализираме во партнерство со Подравка! Овој пат ни готвеа шеф Марк и шеф Дејан. Имавме прилика да погледнеме подготовка на 4 мини бургери, и тоа само за 20 минути! Три од нив ги направи добро познатиот и искусен шеф Марк, а еден сочен и вкусен бургер ни направи шеф Дејан. Сигурни сме дека откако ќе ги пoгледнете рецептите и фотографиите, ќе сакате да ги пробате вкусните мини бургери.
Погледнете ги рецептите и изберете го вашиот фаворит:

Smash бургер
Шеф Дејан ни подготви сочен и вкусен смеш бургер!
Состојки:
- 120 г свежо мелено говедско месо
- 1 бургер лепче – бриош
- свежа бејби рукола
- карамелизиран кромид
- корнишони од Подравка
- 10 г сланина.
Бургер сос:
- 1/2 лажиче димена пиперка од Подравка
- 1 лажичка сенф дижон од Подравка
- 2 парчиња чедар
- 2 лажички кечап
- 2 лажички мајонез
- ½ лажичка лук во прав
- карамелизиран кромид со оцет балсамико
- ситно сечкани корнишони заедно со 2 лажички од водата.
Подготовка:
- Прво подгответе го сосот. Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го на ниска температура околу 30-40 минути. Додајте една лажичка шеќер и сол по вкус. На крај, додајте и 2 лажички оцет балсамико.
- Оставете кратко да се излади, а потоа додајте ги преостанатете состојки за сосот и убаво измешајте.
- На загреана тава на оган испржете ја сланината. Бургер лепчињата пресечете ги на половина и испечете ги во истото масло во кое се пржеше сланината.
- Од меленото месо направете две плескавици и испржете ги. Потоа врз нив додајте ја пржената сланина и чедарот.
- На долната страна од лепчето нанесете од сосот и ставете рукола. Над руколата ставете ги плескавиците, па корнишоните и кромидот. На крај, повторно ставете сос и ставете ја горната страна од лепчето. На здравје!

Бургери Трио ФАНТ-астико
3 мини бургери ни подготви познатиот кулинарски шеф Марк.
Beef burger – Македонски (3 порции)
Состојки:
- 3 лепчиња за бургери
- 300 г мелено јунешко месо
- 3 листови јунешка пршута
- 1 ќесичка Fant за ќебапи и плескавици
- 2 јајца
- 1 црвен кромид, 1 домат и свежа рукола
- сенф дижон од Подравка
- корнишони од Подравка
- 2 супени лажици ајвар од Подравка
- масло
- овчо сирење
- димена пиперка, слатка пиперка, мелен црн бибер од Подравка
- сол.
Подготовка на мајонез како основа за сосовите на различните бургери:
- 2 жолчки од јајца
- 1 лажица сенф дижон.
Измешајте ги јајцата и сенфот и додајте сол и бибер по вкус. Постепено додавајте масло и мешајте додека сосот се згусне.
Подготовка:
- Меленото месо измешајте го со содржината од ќесичката Fant за плескавици и оставете го половина час во фрижидер.
- Корнишоните исечкајте ги на тенки ленти. Кромидот и доматот исечкајте ги на кругови, а свежата рукола на крупни парчиња.
- Месото поделете го на 3 делови. Обликувајте плескавици и кратко пропржете ги. Во тавата додајте ги и листовите од пршута. Тавата ставете ја во загреана рерна на 180 степени и печете околу 4-5 мин.
- Во меѓувреме, потпечете ги лепчињата за бургери.
- Во мајонезот кој го направивме како основа, додаваме 2 супени лажици ајвар, малку лук во прав и слатка пиперка.
- На долниот дел од лепчето ставете од претходно подготвениот сос, рукола, домат, плескавица, кромид, пршута и дробено овчо сирење. Повторно ставете од сосот, корнишони и поклопете со горното лепче.

Пилешки бургер – Мексикано (3 порции)
Состојки:
- 3 лепчиња за бургери
- 300 г пилешко месо
- 1 ќесичка Фант за ќебапи и плескавици
- 1 авокадо
- маслиново масло
- кашкавал
- корнишони и феферони од Подравка
- 1 лимета (зелен лимон), 1 црвен кромид, 1 домат и свежо рендано цвекло
- лук во прав, димена пиперка, оригано, мелен црн бибер од Подравка
- сол.
Подготовка:
- Пилешкото месо исечкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додајте кашкавал, Fant за плескавици, димена црвена пиперка и оригано. Изблендирајте за да добиете хомогена смеса. Подготвената смеса оставете ја во фрижидер околу 30 минути.
- Авокадото исчистете го и изгмечете го. Додајте маслиново масло, сок од лимета, димена црвена пиперка и оригано. Ставете сол и црн бибер и измешајте.
- Кромид и доматот исечкајте ги на тенки кругови, а цвеклото изрендајте го.
- Смесата за плескавици поделете ја на 3 дела и обликувајте плескавици. Кратко пропржете ги, а потоа ставете ги да се печат по загреана рерна на 180 степени за време од 6-7 минути.
- Лепчињата за бургер кратко потпечете ги.
- На долниот дел од лепчето ставете од сосот со авокадо, рендано цвекло, пилешка плескавица, кромид, домат и сечкани феферони. Повторно ставете од сосот и поклопете со горниот дел од лепчето.
Бургери од Лосос – Норвешки (3 порции)
Состојки:
- 3 лепчиња за бургери
- 3 парчиња филе од лосос
- Vegeta Natur, корнишони, сенф gold од Подравка
- свеж копар, мед
- бејби спанаќ, 1 црвен кромид, 1 домат
- маслиново масло
- димена пиперка, слатка пиперка, мелен црн бибер од Подравка
- сол.
Подготовка:
- Филетите од лосос кратко пропржете ги во тава со маслиново масло и Vegeta Natur. Потоа, ставете ги во загреана рерна на 180 степени и печете околу 3-4 минути.
- Во претходно подготвениот мајонез како основа за сос, додајте мед, сенф, сечкан свеж копар, ситно сечкани корнишони и малку сок од корнишоните.
- Лепчињата потпечете ги во тава.
- На долниот дел од лепчето ставете сос, бејби спанаќ, кромид, домат, филета од лосос и кромид. Повторно ставете сос и поклопете со лепче.
- Може да направите и печени компирчиња за гарнир. Компирите исечкајте ги и ставете ги во тава. Додајте масло и Vegeta Natur за помфрит. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.
Ако ја пропуштивте втората епизода од кулинарското шоу Kitchen wars, погледнете ја тука:
Ви препорачуваме да прочитате: Брз болоњезе врап.
*Спонзориран текст.