витамини и минерали 1

4 намирници богати со витамини и минерали за детокс на белите дробови и црниот дроб

Во време на вируси и грип, сите бараме решенија како да се ослободиме од токсините во телото и да одржиме здрав организам. За детоксикација на органите, а особено белите дробови и црниот дроб, потребна е правилна исхрана богата со антиоксиданси. Изборот на здрава храна е голем, па затоа издвоивме дел од многуте намирници богати со витамини и минерали кои ќе ви помогнат за детокс на белите дробови.

Иако сите органи во човечкото тело се подеднакво важни, белите дробови и црниот дроб заслужуваат посебно внимание затоа што претставуваат најголеми чистачи на организмот. Црниот дроб има функција да ја прочистува крвта. Белите дробови примаат кислород и при тоа ги филтрираат токсините од воздухот и исфрлаат јаглероден диоксид. Главна улога во детоксикацијата на организмот имаат голем број на витамини и минерали. Со одржување на здрави бели дробови и црн дроб, се овозможува снабдување на клетките и ткивата со крв богата со кислород. За правилна функција на овие органи, важно е храната која ја консумираме да содржи поголеми концентрации на витамини и минерали.

витамини и минерали 2

Овошје и зеленчук со витамин Ц

Секое овошје и зеленчук кое изобилува со витамин Ц е одлично за детоксикација на организмот. Витаминот Ц делува така што го поттикнува производството на ензимот кој го помага чистењето на црниот дроб, а исто така придонесува за полесен пренос на кислородот во сите делови од телото. Намирници богати со витамин Ц се:

  • цитрусно овошје
  • киви
  • јагоди
  • ананас
  • зелена пиперка
  • јаболко.

За дополнителна заштита на организмот и детоксикација, пробајте го AlphaSorb-C од NOW. AlphaSorb-C е уникатна и патентирана не-киселинска форма на Витаминот Ц која содржи не-киселински минерални аскробати и природни состојки кои овозможуваат подобро апсорбирање во крвта и клетките отколку нормалната аскробинска киселина. NOW® AlphaSorb-C® вклучува Transport C-PLUS®, патентирана комбинација на подобрена треонска киселина, не-кисел калциум аскорбат, Алфа липоична киселина, рутин, шипка и ацерола. Ова е уникатна формула на високо биолошки достапен витамин Ц, која подобро се апсорбира во организмот.

10 природни начини за подобар имунитет 2

Храна која содржи омега 3

Меѓу намирниците кои содржат Омега 3 масни киселини се и бадемите, оревите, чиа семето и спанаќот. Овие масни киселини се особено важни затоа што ги намалуваат триглицеридите, со што ја помагаат работата на црниот дроб. Омега 3 е есенцијална масна киселина неопходна за целокупното здравје, за растот и развојот на човекот. Особено е ефикасна за заштита на црниот дроб кај лица кои страдаат од вишок килограми и дијабетес. Потребата од Омега 3 често не може да биде задоволена преку храна, па е потребно да се земе додаток во исхраната од оваа масна киселина. За таа цел, ви го препорачуваме концентратот од природно рибино масло на NOW кој е произведен под строги стандарди за контрола на квалитетот.

Може да ве интересира: Омега масни киселини за здраво срце и силен имунитет.

Зелениот лиснат зеленчук е богат со магнезиум

Спанаќ, марула, зелка, млад кромид, кељ, нане и коријандер се најдобар избор за чистење на организмот. Може да се јадат сирови, бланширани или во вид на смути. Благодарение на содржината на калиум и магнезиум, овој зеленчук го подобрува здравјето на белите дробови. Зелениот лиснат зеленчук изобилува со хлорофил кој го помага ослободувањето на организмот од тешки метали. Ако и покрај зголемениот внес на зелен лиснат зеленчук, сѐ уште чувствувате замор, нервоза и стрес, најверојатно ви е  потребна дополнителна количина на магнезиум. На онлајн продавницата на Тримекс и во поголемите аптеки низ земјава може да најдете високо искористлива форма на магнезиум – магнезиум цитрат и магнезиум малат.

Лукот е извор на селен

Лукот содржи алицин, селен и сулфур. Овие три супстанци го поттикнуваат производството на ензимите кои придонесуваат за елиминација на токсините од организмот. Лукот делува антивопсалително и помага при астма. Селенот е есенцијален минерал што се наоѓа во многу мали количества во организмот. Претставува дел од антиоксидантните ензими кои ги штитат клетките од оштетување, нивно стареење и смрт. Во текот на метаболизмот се создаваат слободни радикали кои можат да доведат до промени во клеточните мембрани, а селенот учествува во апсорпцијата на овие слободни радикали со што ги спречува нивните дејствувања. Ако ви се потребни дополнителни количини од овој минерал кои не можете да ги обезбедите преку храна, ви препорачуваме да го земете во вид на суплемент.

Препорака од нас:

Ако сакате да набавите некој од витамините и минералите на Тримекс, посетете ја нивната онлајн продавница, разгледајте ги и дознајте повеќе за придобивките. Доставата е бесплатна, а ние како задоволни корисници топло ви ги препорачуваме. За сите прашања кои ги имате контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на info@trimeks.com.mk. Исто така, споменатите додатоци во исхраната може да ги најдете во аптеките ширум земјата.

Ви препорачуваме да прочитате: 7 намирници за пролетна детоксикација и слабеење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: