4 намирници кои го намалуваат прекумерното потење на природен начин

Потењето е природен обид на телото за намалување на телесната температура. За време на големите жештини, но и во некои стресни и напнати ситуации интензивното потење не може да се избегни без разлика какви козметички препарати и да се употребат. Меѓутоа, постојат неколку природни состојки кои може да помогнат во надминувањето на овој проблем.

Потењето иако е нормална и природна работа, често предизвикува непријатни емоции кај лицата кои се соочуваат со зголемена функција на потните жлезди. Водените дамки на алиштата и непријатниот мирис се секако нешто што сите сакаме да го избегнеме.  Ако припаѓате во групата на лица на кои алтернативната козметика им е во прв план, време да ги дознаете природните решенија за овој проблем кои се целосно безбедни за здравјето, а речиси подеднакво ефикасни како и дезодорансите наменети за таа цел.

прекумерно потење

Сода бикарбона како практично средство против потење

Содата бикарбона е многу практична за намалување на потењето, бидејќи мало пакување од овој прашок секогаш може да се понесе во чантата. Доволно е да земете прстофат сода бикарбона и да го помешате со малку вода и со добиената паста да ги премачкате деловите од телото каде што најмногу се потите.

Црн чај како природен дезодоранс

Црниот чај дејствува како природен дезодоранс благодарение на состојките во неговиот состав. Во половина чаша жешка вода потопете 2 ќесичка црн чај. Ќесичките чај извадете ги по 2-3 минути и оставете ги да се изладат. Потоа, може да ги искористите за било кој дел од телото така што ќе ги нанесете на местото и оставите да дејствуваат околу 5 минути.

Јаболкова киселина за неутрализација на непријатните мириси

Јаболковата киселина може да се користи како природен дезодоранс затоа што ги уништуваа бактериите кои предизвикуваат непријатен мирис. Доволно е еднаш во денот да ги премачкате пазувите со неколку капки растворена јаболкова киселина со мала количина на вода.

Лимонов сок против непријатни телесни миризби

Уште од минатото, лимонот е познат како одличен неутрализатор на телесните мириси, поради што се користи и против засилено потење. Премачкајте ги деловите од телото каде што најмногу се потите со лимонов сок и оставете го да дејствува околу 15-30 минути, а потоа да го исплакнете со ладна вода.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен природен антипреспирант.

Сподели: