4 намирници кои се највкусни во есен 1

4 намирници кои се највкусни во есен

Во есенските месеци не смеете да пропуштите да уживате во овие неколку намирници! Највкусни се во овој период од годината!

Есента е време кое ни овозможува голема радост за очите, прекрасни улици со жолти лисја за прошетка, но и вкусни намирници кои ја прават препознатлива и посакувана. Во продолжение следат намирниците кои се највкусни во есен иако ги има подолг временски период.

4 намирници кои се највкусни во есен 2

Јаболка

Јаболката можете да ги купите преку цела година, но октомври е идеален месец за да наберете или купите од помалку познатите сорти. Тоа е и причината заради која, 20-ти октомври, светскиот ден на јаболката е баш во овој месец. Домашните и зрели јаболка се одличен извор на витамини, минерали и растителни влакна. По желба можете да ги искористите и за подготовка на зимница и разни десерти.

Круши

Крушите се највкусни кога се меки на допир, бидејќи тогаш изобилуваат со одличен вкус и арома. Баш како и јаболката, така и крушите во овој месец ги има во разни сорти за да бираме. Оваа овошка е одличен извор на калиум, кој ја регулира работата на крвниот систем и учествува во изградбата на коските и забите.

Грозје

Во октомври грозјето го доживува врвот на сочноста и слаткоста, па овој месец е идеален за купување на омилените зрна. Посебно се вкусни и ароматични црните сорти. Во крцкавите зрна грозје се наоѓа значајна количина на витамини Б и Ц, како и полифеноли, кои го штитат срцето и крвниот систем од заболувања.

Тикви

Ова е идеално време да купите тиква и да испробате разни есенски специјалитети. Овој зеленчук е преполн со бета-каротени, кои го зајакнуваат имунитетот од сезонски настинки и го штита организмот од влијанието на слободните радикали.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 здрави намирници кои треба да ги јадете секој ден.

Сподели: