4 правила за долгорочно слабеење

Постојано сте на некоја диета и се убедувате себе си дека овој пат ќе бидете упорни и ќе успеете? Дали знаете што е важно за здраво и долгорочно слабеење? – Постојат одредени правила до кои мора да се придржувате доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми, но и долгорочно да ја одржувате идеалната телесна тежина.

Огромен број луѓе секојдневно пробуваат да ги намалат килограмите.  Брзото слабеење и строгите диети се нездрави процеси кои нема да донесат долгорочни резултати и можат да го нарушат вашето здравје. Со постепено воведување на здрави навики и промени во вашата рутина, можете да напредувате и да ја постигнете посакуваната бројка. Во продолжение ви откриваме 4 едноставни правила за долгорочно слабеење и одржување на телесната тежина.

4 правила за долгорочно слабеење

Променете го начинот на исхрана

Ако сакате да ги намалите килограмите, треба да направите долгорочни промени во вашата исхрана. Консумирајте здрави и ниско калорични оброци и внесувајте многу течности. Секако, дозволено е некогаш да му угодите на телото со нешто што не е здраво, но тоа нека биде само еднаш неделно.

Вежбајте

Вежбањето го согорува вишокот на калории и масти и го забрзува метаболизмот. Важно е да го комбинирате кардио тренингот со тренингот за сила, за да ја направите вашата работа што е можно поефикасна за пократко време. Тренирајте активно околу еден час, најмалку 3 пати во неделата. Обидете се да бидете колку што е можно поактивни во текот денот за да направите значителна разлика во вашиот биоритам.

Не реагирајте на првото чувство на глад

Ова е многу важно кога станува збор за слабеење, бидејќи повеќето од нас не можат да го надминат гладот, па посегнуваат по нездрава храна и внесуваат непотребни калории. Не јадете во стресни ситуации, туку научете како сами да го контролирате гладот. ​​Правилно распоредете ги главните оброци, за да јадете во редовни интервали, без опасност од прејадување. Погрижете се секогаш да имате здрава ужина со вас, за да имате здрава опција во време на глад.

Грижете се за хранливите материи кои ги внесувате

Многу е важно исхраната да ја засновате најчесто на протеини. Исто така, важно е да не ги исклучувате сложените јаглехидрати и здравите масти од исхраната, кои се подеднакво неопходни хранливи материи за телото. Доколку сакате ја зголемите мускулната маса, погрижете се протеините да бидат составен дел од секој оброк, со додавање на здрави масти и сложени јаглени хидрати. На тој начин, подолго време ќе бидете сити.

Ви препорачуваме да прочитате: Јаболко за слабеење – намалете го внесот на калории на здрав начин.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: