4 проверени начини за највкусно пилешко месо

Една од причините зошто пилешкото месо е често застапено на трпезата е тоа што има лесна и брза подготовка. За 20-30 минути може да поставите вкусно јадење на трпезата. А, ако не знаете како правилно да го подготвите, во овој текст споделуваме 4 проверени начини за највкусно пилешко месо кои ќе ви помогнат да направите вкусен ручек како од врвен ресторан.

Секој има различен вкус, ние апсолутно се согласуваме со тоа. Но, сигурно е тоа дека никој не сака да јаде суво, тврдо и жилаво пилешко месо. За да го избегнете тоа и за да ги подобрите своите кулинарски вештини прочитајте до крај.

4 проверени начини за највкусно пилешко месо

Маринирајте го месото за вкусот да навлезе и да биде сочно

Најважно е прво да го припремите месото. Искусните готвачи ни откриваат дека месото е најсочно и највкусно ако поминало време во маринада. Можете да направите разни маринади и од различни состојки. А трикот е во тоа што треба добро да го премачкате месото и да го оставите во маринадата што е можно подолго време. Најдобро е да го маринирате месото и да го оставите да отстои во фрижидер преку ноќ или најмалку 2 часа.

Користете кујнски чекан за да го омекнете месото

За најдобри резултати, користете дрвен или метален чекан за месо. Покријте го месото со најлонска фолија и израмнете го месото до саканата дебелина. Потоа, подготвувајте го по желба.

Оставете го месото да отстои по печењето

Без разлика дали ќе одлучите пилешкото месо да го пржите, да го печете на скара или да го печете во рерна, секогаш треба да го оставите месото да одмори пред да го исечете. На тој начин, месото ќе ги задржи сите негови сокови и ќе биде повкусно. Ако го исечете премногу рано, соковите од месото ќе се излеат, а месото потоа ќе биде суво и тврдо.

Послужете го со сос

Ако пилешкото е преварено, суво и без вкус, послужете го со сос. Можете едноставно да го прелиете месото со течноста од тавата во која се подготвувало или со месото да послужите брз сос од јогурт, мајонез и лимон. Изборот е ваш.

Наша препорака:

Следниот пат кога ќе подготвувате пилешко месо применете ги нашите совети. Ќе уживате како во ресторан! За подготовка на вкусно јадење со пилешко месо, ви препорачуваме да ја изберете палетата на Слога. Тие имаат различни пилешки производи како пилешки стек, пилешки копани без коскапилешки копан со наткопанпилепилешки краток копанпилешки дропчиња и пилешки желудник. За подетални информации посетете ја веб страницата, Facebook фан страницата и Инстаграм профилот на Слога и разгледајте што сѐ може да си купите од нив. А во продолжение ви споделуваме бонус рецепт со пилешко месо и зеленчук кој ни го предлагаат нашите пријатели Слога.

Слога

Ви препорачуваме да прочитате: Гурмански специјалитет – пилешко Киев.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: