4 рецепти за сарма од лозов лист 1

4 рецепти за сарма од лозов лист

Лозовиот лист е популарна храна во пролетните денови! Некогаш е убаво со него да направиме чорба и да ги израдуваме лажиците, а често пати поголемиот дел од нас обожававаат да направат вкусна сарма од лозов лист!

За да ги искористиме максимално сите можности, ви припремивме мала листа со четири испробани вкусови. Па, ако сте љубители на сарми од лозов лист ви предлагаме да ги испробате нашите рецепти.

4 рецепти за сарма од лозов лист 2

Печена сарма од лозов лист

Овој рецепт се прави брзо и лесно, воопшто не е комплексен. Сармите припремени на овој начин се сочни, вкусни, а не содржат глутен и се приготвуваат без запршка. Рецептот може да го прочитате тука.

Посна сарма од лозов лист со грав и маслинки

Директно од нашата кујна, сосема нов рецепт со потврден вкус од многумина кои го дегустираа нашиот специјалитет. Бидете креативни во кујна и смели да пробате нови нешта! Пробајте ја нашата посна сарма од лозов лист со грав и маслинки, неверојатна е! Начинот на подготовка на оваа уникатна сарма може да се менува зависно од вашите желби. Воопшто не треба да ве загрижува миксот на зачините, ние ја подготвивме по наш вкус, а вие слободно додавајте или одземајте состојки по ваша желба. Рецептот за нашата посна сарма од лозов лист со грав и маслинки може да го прочитате тука.

Посна сарма со лозов лист и нане

Идејата ни доаѓа од кујната на Катерина, на која и се заблагодаруваме за споделениот рецепт. Досега сме правеле мрсни сарми со лозов лист, па време е да пробаме нешто ново и вкусно. Во оваа прилика ви претставуваме рецепт за посна сарма со лозов лист и нане, која има фантастичен вкус, па ако сакате да го направите, прочитајте го тука.

Здрави и посни сарми од лозов лист со просо

Го обожаваме блогот на нашата пријателка Лана, затоа што на него може да се најдат превкусни и лесно применливи рецепти, кои може да бидат припремени во секој дом. Време е на пости, па ако имате останато уште малку од замрзнатите лозови ливчиња, искористете ги пред да дојде пролетта и да ни донесе свежи. Рецептот е тука, хранлив и здрав, еве како да си направите убави посни сарми од лозов лист со просо.

Ви препорачуваме да прочитате: Лозов лист – здрава храна за секого.

Клучни зборови:

Сподели: