Лошиот квалитет на кожата и ноктите, проблемите со помнењето и константниот умор не се само рани знаци на стареењето. Тие може да бидат и сигнали кои телото ги праќа кога има недостаток на селен, а не е тешко да се справите со нив, само треба да знаете што да преземете.
Најчесто сите зборуваат за важноста на витамините Д и Ц. Или пак, за неопходноста од редовната консумација на омега 3 масните киселини кои се важни за здравјето на срцето и мозокот, а поретко се зборува за важноста на селенот.
Во претходна прилика спомнавме дека, особено се засегнати веганите, како и жените, кои се под многу поголем ризик од недостаток на овој минерал, во однос на мажите. Па така, Броган истакнува дека „Некои студии укажуваат на тоа дека некои групи на лица како веганите и вегетаријанците, како и лицата кои избегнуваат глутен имаат значително поголем ризик од недостаток на селен.“

Ви препорачуваме да прочитате: 5 најчести симптоми кои укажуваат на недостаток на селен.
Чувство на замор и слабост во мускулите
„Селенот му помага на телото да создаде енергија и да го намали оксидативниот стрес, што значи дека поголема количина на крв збогатена со кислород кружи низ телото.“- истакнува Рик Хеј, нутриционист од Лондон. Тој исто така додава дека „Без соодветна оксигенизација на крвта, ќе се чувствувате уморно како и ќе се соочувате со постојана слабост во мускулите“.
Губење на косата
Селенот активира важни ензими кои се неопходни за регенерација на косата, така што ги убива штетните слободни радикали, додека истовремено го регулира растот на здрави клетки. Губењето на косата поради недостаток на селен доаѓа многу брзо, така што може и да не забележите, а веќе да се појават голи места на главата.
Moже да ве интересира: Селенот е важен минерал за најмалку 7 здравствени потреби.
Слаб квалитет на кожата и косата
„Селенопротеините се неопходни за производство на глутатион пероксидазата, најважен антиоксидант на мозокот, кој учествува во чистењето и заздравувањето на телото“ истакнува Хеј. Овој ензим помага целото тело да се заштити од штетното дејство на слободните радикали. Така влијае и на изгледот на кожата. Хеј истакнува дека селенот може да ви помогне да ги намалите брчките. Дури и бледилото на кожата и белите дамки на ноктите може да бидат предизвикани како резултат на недостаток на селен.
Чести настинки и инфекции
Покрај тоа што учествува во производството на глутатион пероксидазата, која го заштитува цело тело, селенот поради својата силна антиоксидативна моќ е клучен и за силен имун систем. Поседува и силни антивоспалителни својства. Оттука, честите настинки, инфекции и генерално слабиот имунитет може да бидат знак дека селенот е на многу ниско ниво. „Покрај тоа, селенот е клучен и во производството на здрава сперма кај мажите, но и за кардиоваскуларното здравје“ истакнува Хеј.
Па, кој треба и кога е време за суплементи со селен?
Има неколку групи на луѓе на кои посебно би им користела суплементацијата со селен. Такви се вегетаријанците и спортистите, оние кои се на ниско калорични диети, лицата кои имаат намален имунитет, лицата кои се изложени на зрачење, долготрајна употреба на статини (лекови кои го намалуваат холестеролот), оние кои користат таблети за контрацепција, лаксативи, консумираат на тутун или алкохол. Дозите варираат и тоа:
- лица над 19 години – 55 микрограми на селен
- трудници – 60 микрограми на селен
- доилки – 70 микрограми на селен.
Наша препорака за избор
Од суплементите со селен, кои се достапни на нашиот пазар можеме да препорачаме Selenium од Now Foods. Тој е во комбинација со Витамин Е, Витамин Ц и бета каротен, кои претставуваат моќни антиоксиданси и ги штитат клетките од оштетување, нивно стареење и смрт. Повеќе информации за придобивките и начинот на користење на Selenium, прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може и да го нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Совет плус: Доколку планирате да земате суплементи на база на селен, најпрво консултирајте се со вашиот лекар, бидејќи прекумерната количина на селен може да биде токсична.
Ви препорачуваме да прочитате: 3 неочекувани знаци дека можеби имате недостаток на селен.