идеи за здрав летен појадок 1

4 идеи за здрав летен појадок

Сигурно многу пати сте слушнале дека појадокот е најважен оброк во денот. Да, тоа е така! Но, уште поважно е тој да биде здрав, хранлив и брзо да се приготвува. Ви претставуваме 4 супер идеи за здрав летен појадок инспирирани од Натура.

Овесни снегулки со овошје

Овесот посебно им се препорачува на исцрпените лица, а исто така на слабите и анемичните деца. За нив е пожелно  да земаат овес секој ден, а Натура овесните трици и снегулки се идеални за секојдневна консумација бидејќи се подготвуваат лесно и брзо. Потопете ги кратко во јогурт или млеко, па додајте го омиленото сезонско овошје. Потребни ви се само 3 минути за овој здрав летен оброк!

летен појадок

’Ржани снегулки со банана

’Ржаните снегулки изобилуваат со јагленихидрати, витамини и минерали, особено железо. Ја подобруваат крвната слика и го јакнат организмот. За квалитетен оброк подгответе Натура’ржани снегулки со млеко и банана.

Оризови галети со намаз

Заменете го лебот со Натура оризови галети, ставете намаз од крем сирење и додајте свеж зеленчук или семиња по избор. Предлагаме да додадете лупен сончоглед и малку ленено семе, кои исто така ги има во богатата палета на Натура. А може да направите и супер вкусен сендвич. Ние обожаваме оризови галети со крем сирење, сечкано варено јајца, марула, краставица и домат. Крцкаво, свежо и хранливо пред сѐ!

летен појадок

Чиа пудинг со свежо овошје

На идеите за летните и здрави појадоци им нема крај! Имаме уште еден супер предлог за чиа пудинг. За да го направите потребни ви се:

  • 2 лажички чиа
  • 10 лажички млеко (по желба може да користите растително – оризово, бадемово и слично)
  • 100 грама малини
  • 1 банана
  • 100 грама аронија
  • 100 мл вода.

Погледнете го видеото со подготовката и уживајте во овој оброк без грижа на совест. Можете да го послужите за појадок, но и како десерт или вкусна ужина.

Ако размислувате што вкусно да спремите за десерт, еве наш предлог. Здрав и неодоливо вкусен чиа пудинг. Погледнете го нашето видео за едноставна подготовка и уживајте во овој десерт без грижа на совест. 😉#Натура #ЗаСекојДен

Posted by Natura on Friday, June 22, 2018

Ви предлагаме да прочитате: Овес во зрно, барем еднаш неделно на менито!

*Комерцијален текст

Сподели: