јогурт во кујна

4 практични начини да искористите јогурт

Добро е познато дека јогуртот е здрав напиток, а истиот освен стандардната употреба како напиток може да се користи на повеќе начини. Со јогурт можете да направите различни интересни и сензационални вкусови, па не пропуштајте да ги пробате нашите идеи.

Користете го како замена за мајонез

Намалете ги калориите во јадењата, така што мајонезот ќе го замените со јогурт. Со додавање на јогуртот во исхраната се забрзува намалувањето на телесната тежина и се намалува обемот на стомакот.

јогурт во кујна

 

Направете прелив за салати и месо

Искористете го јогуртот и направете солени или слатки преливи. За да направите солен прелив, во сад ставете јогурт, додадете зачини по вкус и прелијте го месото или салатите. За слатки преливи, во јогуртот можете да додадете овошен сок или парчиња овошје и со него можете да ги прелиете колачите или овошните салати.

Припремете вкусно и сочно месо

Во длабок сад ставете месо и додајте јогурт, а по желба може да додадете зачини. Садот оставете го неколку часа во фрижидер. Јогуртот ќе го омекне месото и ќе му даде посебен вкус.

Направете здрав сладолед за децата

Помешајте јогурт со овошен сок, ставете го во калап и изладете го во фрижидер. Тоа е вистинско здраво освежување за топлите денови.

 

Сподели: