4 природни третмани против афти во усната празнина 1

4 природни третмани против афти во усната празнина

Иако афтите не се заразни и не се опасни по здравјето, болката и печењето кои тие ги предизвикуваат се многу иритирачки. Пострашно е тоа што зараснуваат многу бавно бидејќи иритираното место постојано се влажни од плунката во усната празнина. Но, за среќа постојат повеќе природни третмани со чија помош може да си помогнете и да ги ублажите непријатните симптоми предизвикани од афти во усната празнина. Во продолжение ви откриваме дел од нив.

Афтите претставуваат мали и многу болни ранички (чиреви или улцерации) кои се појавуваат на слузокожата во усната празнина. Може да бидат бели, сиви или жолти, а се појавуваат поединечно или во групи.  Најчесто се појавуваат на врвот или на краевите на јазикот, на внатрешната страна на образите или на внатрешните краеви на усните.

4 природни третмани против афти во усната празнина 2

Паста од сода бикарбона на 2 начини

Состојки:

  • сода бикарбона
  • вода или мед.

Начин на подготовка и употреба:

  1. Во помал сад растворете мала количина од содата бикарбона со неколку капки вода или за уште подобар ефект, користете мед.
  2. Вака подготвената паста нанесете ја директно на заболеното место со помош на стапче за чистење уши и оставете ја да се исуши/отстои околу 10-15 секунди. Ако е зафатено поголемо место, може да ја измасирате површината со чисти прсти.
  3. Содата бикарбона ќе го смири печењето и ќе ја заздрави и дезинфицира раничката.
  4. Постапката повторувајте ја секогаш кога ќе почувствувате потреба, но најдобро е после секој оброк и пред спиење. Обично поминува со 1 до 3 третмани.

Капки или спреј од прополис

Пчелиниот прополис е природен антибиотик и антисептик кој лечи болки во грлото, но и афти. Нанесете мала количина прополис на стапче за уши и притиснете го на заболеното место. Држете го неколку секунди и тргнете го стапчето. Прополисот има леплива структура, па ќе ја обложи раната и со тоа ќе ја заштити од бактерии и ќе го забрза процесот на зараснување. Постапката повторувајте ја секогаш кога ќе имате потреба, но најдобро е после секој оброк и пред спиење.

Домашна течност за плакнење на усната празнина со хидроген

Состојки:

  • 1 лажичка 20 % хидроген пероксид
  • ½ чаша топла вода
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка и употреба:

  1. Сите состојки промешајте ги во еден сад додека се растопат и изедначат.
  2. Вака подготвената водичка држете ја во усната празнина околу 30 секунди, па исплукајте ја.
  3. Постапката повторувајте ја неколку пати во текот на денот.

Црн и зелен чај, и чај од камилица или жалфија

Црниот и зелениот чај се богати со танин кој претставува природен антисептик, додека камилицата и жалфијата ја смируваат болката и го забрзуваат процесот на зараснување на раничките. Направете некој од овие чаеви и оставете го малку да се излади. Потоа, со чајот во кој нема да додадете никаков засладувач или друг додаток плакнете ја усната шуплина 2 пати на ден, во периодите кога чувствувате пецкање и болка.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 домашни средства за лична хигиена направени со сода бикарбона.

Сподели: