5 адитиви кои предизвикуваат дебелина 1

5 адитиви кои предизвикуваат дебелина

Дали некогаш сте се запрашале зошто се дебелите и, и покрај сите напори, никако не успевате да ослабите? Една од причините сигурно се и адитивите кои се наоѓаат во индустриски преработената храна. Така, ако некои од овие состојки кои ќе ги спомнеме, ги забележите на паковањата од храната, добро би било да ја прескокните. На тој начин, барем делумно ќе спречите да консумирате храна со адитиви кои предизвикуваат дебелина и свесно ќе пробате да се заштитите.

Навистина, се дебелиме поради многу различни причини. Но, храната не е единствен виновник, тука се и хемикалиите, квалитетот на воздухот, времето кое го минуваме во седење, па дури и претераната изложеност на сонце влијае врз телесната тежина. А, најновите студии покажуваат дека и одредени адитиви имаат големо влијание и важно е да ги знаете овие информации.

5 адитиви кои предизвикуваат дебелина 2

Кои адитиви треба да ги избегнуваме?

Сигурно веќе знаете дека производите кои содржат фруктоза треба да се јадат во помала количина, а оние кои содржат транс масти треба и да се избегнуваат. Бидејќи тоа не е се што влијае врз здравјето и дебелината, еве кои адитиви треба да ги избегнувате.

Натрум бензоат

Овој конзерванс обично се среќава во преливите за салата, во газираните сокови, маргаринот, па дури и овошните сокови. Оваа хемикалија го потиснува лептинот, хормонот за ситост и тоа на некој начин ве прави да се чувствувате постојано гладни.

Органофосфати

Овиесупстанции нема да ги најдете на декларацијата, затоа што се користат за изработка на многу пластични амбалажи. За нив е докажано дека предизвикуваат преддијабетес и се сметаат за високо токсични.

Моно-олеоил-глицерол

Обично се користи за згуснување на сладоледот, шлаговите, кремовите и маргаринот. Оваа супстанца исто така влијае така што го сузбива хормонот лептин и вашиот организам неконтролирано бара храна.

Палмина киселина, масло од палмино јадро или фракционирано палмино масло

Сигурно многу често ги гледате овие производи на декларациите, а важно е да знаете дека не треба да ги мешате со палминото масло, кое е и корисно за организмот. Многу често се наоѓаат во маргарините и во голем број протеинските плочки кои обично се категоризираат како здрава храна.

Натриум глутамат

Што се однесува до употребата на оваа супстанција, веќе неколку децении се водат битки. Оваа супстанца е појачувач на вкусот и се користи во голем број производи. Последните истражувања говорат дека оваа супстанца влијае на делови од нашиот мозок кои нѐ тераат да јадеме повеќе и поттикнува дебелина.

Ви препорачуваме да прочитате: Што означуваат Е адитивите во храната?

Сподели: