5 домашни маски за лице со мед за брзо освежување на кожата

Убавата и сјајна кожа е сон на секоја девојка и жена. Но, дали знаете дека нема потреба да трошите многу пари и време во потрага по скапи маски за лице? Природните, домашни маски за лице се прават со едноставни состојки од кујната, а се ефикасни, евтини и лесно достапни. Изберете ја маската која одговара на вашиот тип на кожа, направете ја и нанесете ја на лицето. Резултатите се видливи веднаш и може уште по првиот третман да се забележи освежување на уморната кожа.

Природен пилинг за лице од шеќер и мед

Пилингот е неопходен за нежна и блескава кожа, затоа што со отстранувањето на мртвите клетки им помага на новите клетки побрзо да стигнат до површината. За да го направите овој пилинг доволни ви се малку мед и шеќер, а инструкциите за нанесување и времето на делување прочитајте ги тука.

Маска од круша и мед за убава кожа на лицето

Домашната маска од круша и мед за лице е едноставна и лесно може да се направи. Состојките кои ги содржат крушите се користат во козметичките средства за намалување на флеките на кожата и црвенилото, а исто така и при иритирана кожа и изгореници предизвикани од сонцето. Повеќе за потребните состојки и начинот на нанесување, прочитајте тука.

5 маски за лице со мед

Маска од кафе за млада и сјајна кожа на лицето

Ако вашата кожа на лицето изгледа уморно, ви предлагаме да ја пробате маската со кафе. Оваа маска од кафе одговара на сите типови на кожа, а со додавање на одредени состојки ќе направите маска која е идеална за вашиот тип на кожа. Кликнете тука и погледнете кои состојки ви се потребни за да ја направите оваа маска.

Маска за лице од куркума против брчки, акни и темни кругови

Куркумата е позната по своите антибактериски својства, а комбинација со други состојки е одлично решение против брчки, темни кругови околу очите, акни и митесери. Куркумата во оваа маска за лице не само што го изедначува тенот на кожата, таа исто така ја храни и подмладува. Повеќе за потребните состојки и начинот на нанесување, прочитајте тука.

Ефективна природна маска против стареење на лицето

Секогаш е добра идеја да ја негувате вашата кожа со ефективна природна маска против стареење на лицето. Искористете ги природните состојки од домашната кујна и со мед, јогурт, лимон и куркума, негувајте ја својата младост! Постапката за да ја направите оваа маска, прочитајте ја тука.

Совет плус: Доколку имате проблематична кожа на лицето, најдобро ќе биде да се советувате со стручно  лице.

Ви предлагаме да прочитате: 5 природни маски кои ќе ви ги избришат брчките.

Сподели: