Есента е период од годината кога поради промена на климата доаѓа до појава на вируси. За да се „спасите” од настинки и вируси потребно е да внесувате доволно витамини и минерали преку разновидна исхрана. Искористете ги придобивките на следните есенски намирници за да го зајакнете имунитетот и спремни да ја дочекате зимата.
Есенската храна е богата со антиоксиданти, кои се многу корисни во борбата против разни болести, бидејќи ја спречуваат оксидацијата на клетките. Ако сакате да го зајакнете имунитетот, вклучете ги овие есенски намирници во вашата исхрана.

Јаболка
Јаболката содржат многу витамини, го зајакнуваат имунитетот, ги спречуваат настинките и го намалуваат ризикот од инфекција на респираторниот тракт. Го намалуваат нивото на холестерол, а поради содржината на пектин помагаат во детоксикација на телото, одржувајќи рамнотежа во цревната флора.
Цвекло
Цвеклото е исто така богато со хранливи материи како што се фолна киселина, манган, калиум и витамин Ц. Суровата репка содржи и многу важна компонента наречена бетаин, за која е докажано дека ги намалува воспалителните процеси во телото. Познато е дека фитонутриентите кои ја даваат карактеристичната боја на цвеклото се одлични борци против ракот.
Морков
Морковот е лесно достапна намирница, богата со хранливи материи. Посебно се важни бета-каротенот и антиоксидансите кои се борат со слободните радикали, главните штетници во нашето тело. Некои истражувања покажуваат дека два моркови дневно можат да го намалат холестеролот за дури 20 проценти.
Тиква
Како и морковот, тиквата е богата со бета-каротин и е одличен извор на јаглехидрати кои помагаат да се регулира нивото на шеќер во крвта. Ја стимулира работата на тироидната жлезда и панкреасот, го зајакнува имунитетот и учествува во детоксикација на организмот. Семките од тиква се богати со цинк, што е многу важно за здравјето на простатата.
Брусница
Докажано е дека екстрактот од брусница ја намалува способноста на бактеријата Escherichia coli да се врзува за ѕидовите на уринарниот тракт, поради што е незаменлива во борбата со инфекциите. Покрај ова, брусницата е богат извор на витамини, минерали, полифеноли и антиоксиданти кои штитат од појава на карциноми.
Ви предлагаме да прочитате: 5 рецепти за зајакнување на имунитетот.