зелен лимон лимета

5 здравствени придобивки од консумацијата на лимета

Зелената лимета е овошје слично на лимонот, само малку покисело, со интензивен мирис и убава арома. За разлика од лимонот, лиметата има по кружна форма, зелена внатрешност и светло зелена кора. Помала е во големина, а е побогата со витамин Ц. Често се среќава и под името зелен лимон. 

Бидејќи е многу богата со витамин Ц, уште од минатото се користела за спречување на болеста скорбут. Помага за подобрување на имунитетот, делува превентивно против настинки и инфекции. Корисна е за слабеење, така што го помага согорувањето на мастите, а се препорачува и за дијабетичари, како и за намалување на холестеролот.

лимета

Лиметата е сојузник на женското здравје

Овој цитрусен плод содржи калциум и фолна киселина. Овие две хранливи состојки се исклучително важни за дамите во пост – менопауза, како и за останатите жени. Една свежа лимета содржи 22 мг калциум и повеќе од пет микрограми фолна киселина, што воопшто не е лошо за една мала овошка.

Кората на лиметата помага во борба против стареењето на кожата

Кората на лиметата содржи состојка која го намалува производството на меланин. Овој пигмент кој му дава боја на кожата, со текот на годините и излагањето на УВ зраците може да се зголеми и да формира темни дамки на кожата. За да ја избегнете хиперпигемтацијата на кожата ставајте маски кои содржат кора од лимета.

Лиметата има антикацерогени својства

Лековитите состојки кои ги содржи лиметата делуваат превентивно против карцином на дебелото црево, желудникот и крвта. Иако делувањето се уште не е детално проучено, научниците сметаат дека антиоксидансите од лиметата ги уништуваат клетките на карциномот.

Сокот од лимета може да го спречи формирањето на бубрежни камчиња

Без разлика дали користите свежа или концентрирана лимета, сокот приготвен од ова овошје содржи повеќе лимонска киселина од портокалот или грејпфрутот. Лимонската киселина е природна состојка која го спречува создавањето на бубрежни камчиња составени од измешајте го со вода.

Лиметата го намалува холестеролот

Истражувањата покажале дека флавоноидот хесперидин кој е откриен во лиметата може да го намали холестеролот и триглицеридите во крвта.

Употреба на лиметата

Лиметата се користи во храната и пијалаците. Се додава во различни колачи, салати и други јадења. Најчесто се користи за подготовка на коктели, алкохолни пијалаци и сокови. Сокот од лимета освежува, а му дава посебен вкус и мирис на коктелите. Таа е важно овошје во мексичката, персиската, индиската и другите кујни, каде се користи и како зачин. Покрај во исхраната, лиметата се користи за парфеми, во ароматерапијата, за производство козметички препрати и средства за чистење.

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за совршен Мохито коктел.

Сподели: