Готвењето на супа не би требало да биде некоја тешка задача, но сепак постојат некои трикови кои можат да ви помогнат за да направите добра и вкусна домашна супа.
Веројатно ви се случило некогаш супата да ја направите премрсна или недоволно бистра, густа, или едноставно немате чувство што точно и недостига. Ви нудиме мала помош, која можеби ќе ви биде од корист.

Еве неколку совети кои може да ви помогнат за да јадете вкусна домашна супа
- Ако сакате да добиете помрсна пилешка супа, пилето треба да го ставите во ладна вода, па полека да се загрева садот, а додека ако сакате супата да биде полесна, пилето ставете го во вода која врие.
- Во супа или чорба која ја подготвувате со коски, практикувајте да додавате ловоров лист. Тоа го подобрува вкусот.
- Телешката супа обично е матна. За да биде бистра, изматете една белка од јајце и турете ја во тенџерето додека врие. Белката ќе ги „собери“ честичките слични на неа и кога ќе ја процедите, супата ќе биде бистра.
- За да постигнете подобар вкус на супата/чорбата, пресечете главица кромид и малку запечете ја на ринглата (или во сува тава ако имате керамичка плоча). Кога ќе порумени, прободете ја со чепкалки за да не се распадне за време на варењето.
- Ако сакате супата да има потемна боја, кората од кромидот добро измијте ја и не отстранувајте ја.
Ви препорачуваме да прочитате: Домашна пилешка супа со зеленчук.