Растителните влакна се неопходни за нормално функционирање на организмот. Тие се важни за правилна дигестија, за намалување на крвниот шеќер и регулирање на холестеролот во крвта, придонесуваат за спречување на рак на дебелото црево. Помагаат за слабеење, а во голема мера ја подобруваат состојбата при проблеми со хемороиди. Па, еве една кратка листа од неколку намирници кои се богати со растителни влакна.
Ако внимавате на исхраната и здравјето, тогаш не треба да ги изоставите намирниците кои се богати со оваа здрава состојка во храната. Во продолжение ви прикажуваме кои 5 намирници имаат повеќе растителни влакна од јаболката. Јаболко со средна големина содржи 4.4 грама растителни влакна и тоа е една од главните причини поради која докторите препорачуваат јаболко на ден и без доктор секој ден!

Леблебии
Шолја леблебии содржи 16 грама растителни влакна, што е скоро 4 пати повеќе отколку во 1 јаболко.
Авокадо
Половина авокадо содржи фантастични 6.75 грама влакна.
Кикиритки
Половина шолја кикиритки содржи 6.2 грама растителни влакна.
Круши
Доколку го сакате вкусот на ова освежително овошје, а не ви се јаде јаболко, слободно земете круша. Секоја круша со просечна големина содржи 5,5 грама влакна.
Грав
Белиот грав содржи доста лековити состојки, па така во една шолја грав се наоѓа 19.1 грама растителни влакна.
Ви препорачуваме да прочитате: 19 извори на растителни влакна и нивна важност за здравјето.