Мачнините и тегобите во желудникот, повраќањето исто така, може да бидат причинети од различни фактори, а за сите нас за помош може да ни служи природата. Прочитајте кои 5 намирници против желудочни грчеви и повраќање, помагаат! Многу веројатно сите ги имате во домот, а не сте свесни за тоа.
Ослободувањето од тегобите во стомакот и грчењето на желудникот може да биде лесно, но само ако го знаеме „лекот“. Ако сметате дека не е ништо сериозно, пробајте ги овие домашни начини за спречување на повраќање, гадење и болки во желудникот. Но, ако имате било каков сомнеж, дека можеби ви се случува нешто сериозно, задолжително посетете го својот лекар!

Како што спомнавме, има разни фактори кои може да предизвикаат мачнина во стомакот. А важно е дека, оваа состојба може да се неутрализира само од себе, како и што се појавила. Често пати, мачнината во стомакот е поврзана со дисфункција на дигестивниот систем, повраќање, дијареа, болки и грчеви во желудникот. Меѓутоа, има неколку намирници кои во краток временски интервал и тоа како може да помогнат. Еве кои се тие.
Босилек
Овој кујнски зачин е всушност билка која има антивоспалително дејство во организмот и е феноменален против мачнини во стомакот. Тој помага во регулирање на варењето и го елиминира чувството на мачнина.
Ким
Кимот е зачин кој најчесто се користи во облик на семе, а ако го припремите како чај, ќе се ослободите од мачнината за многу кратко време. Освен тоа, одлично влијае и врз истерувањето на гасовите од цревата.
Нане
Нането е билка која е позната по своето благотворно дејство при стомачни тегоби и традиционално се употребува за смирување на грчеви во желудникот. Сличен ефект има и камилицата, па не заборавајте и неа да ја земете во предвид.
Ѓумбир
Ѓумбирот е „злато“ кое најмногу се користи на Азискиот континент, а како ефикасен лек против мачнини го користеле и античките Грци. Таквата традиција за задржал се до денес, а за оваа намена се консумира така што треба коренот на ѓумбирот да го вриете неколку минути и да го пиете како незасладен чај.
Исто така, за ѓумбирот било утврдено дека помага и при морски болести.
Ви препорачуваме да прочитате: 5 намирници кои спречуваат стомачни тегоби и мачнина.