5 најдобри замени за белиот шеќер

5 најдобри замени за белиот шеќер

Ако сакаме здраво да се храниме и да изгубиме килограми, прво што треба да направиме е да го отстраниме белиот шеќер како намирница од листата на нашата исхрана. Лесно е да се каже, а тешко да се постигне нели? Знаејќи го тоа, споделуваме со вас кои замени за белиот шеќер се најдобри и ќе ви помогнат да не ви недостига неговиот вкус.

Замените кои ви ги предлагаме се природни или здрави супститути на белиот шеќер. Со нив можете да ги засладувате јадењата, но и да внимавате на взшето здравје. Постојат многу вештачки засладувачи кои не содржат калории, но потврдено е дека голем број од нив се доста поврзани со ризикот од појава на рак, тука се и аспартам, сахарин, сукралоза… Кога барате природни засладувачи, внимавајте да не се индустриски преработени и да содржат хранливи материи и антиоксиданси. Во продолжение прочитајте кои се најдобрите природни засладувачи.

5 најдобри замени за белиот шеќер

Меласа

Меласа е она што останува по рафинирањето на шеќерната трска и нејзино претворање во бел шеќер. Меласата е засладувач со најмногу хранливи состојки. Таа го обезбедува организмот со големи количини на калциум, железо, магнезиум, калиум и витамин Б6, што значи е слатка и здрава.

Урми

Урмите се многу слатко овошје со чија помош можете да го засладите вашето јадење, а исто така да направите супер десерти, бомбици, пудинзи или протеински плочки. Покрај тоа што се слатки, урмите ги содржат витамините Б6 и А, калиум и магнезиум.

Мед

Медот има антибактериски својства и е голем извор на антиоксиданси кои потекнуваат од цветниот полен. Темниот мед поседува повеќе антиоксиданси од светлиот мед, а најдобро е да користите органски мед од мали произведувачи, бидејќи тој е побогат со хранливи материи и антиоксиданси во споредба со останатите комерцијални производи.

Јаворов сируп

Тука не се мисли на оној флаширан сируп од маркети, туку на вистински јаворов сируп кој настанува од изварување на билниот сок од јавор. Иако често се користи како прелив за палачинки, може да се користи и како засладувач за јогурт, чај или домашен сладолед. Содржи мали количини калциум, цинк и рибофлавин.

Стевиа

Стевиа е природен засладувач кој може да биде до 100 пати поблаг од обичниот шеќер. Не содржи калории, а се добива од јужноамриканско грмушесто растение. За стевиа се тврди дека е единствен сигурен засладувач на пазарот и кога е понуден во комерцијални цели.

Сподели: