5 помагачи за добар сон 1

5 помагачи за добар сон

Доколку сте под стрес, константно уморни или се борите со несоница, решението ви е пред очите. Со подобра и правилна исхрана, несоницата може да исчезне доста лесно, па ајде да дознаеме кои се едноставните домашни помагачи за добар сон.

Факт е дека на сонот влијаат многу фактори, па треба да се трудите да имате и редовно време на легнување, да си дозволувате да спиете барем 7-8 часа за оптимално функционирање во денот, помалку да се стресувате и напнувате. Тоа не е лесно, знаеме. Но кој се труди, порано или подоцна секогаш успева. Прочитајте дополнителни совети за подобар сон.

5 помагачи за добар сон 2

Намирници можат да ви бидат од голема корист за полесно да заспиете и да имате добар сон

Топло млеко

Топлото млеко поттикнува излачување на серотонин кој помага за опуштање, а богато е и со калциум кој помага за да се заспие побрзо.

Банани

Бананите се богати со калиум и магнезиум кои по природен пат ги опуштаат мускулите и го поттикнуваат лачењето на хормонот на среќата – серотонинот.

Овесна каша

Овесната каша и овесните снегулки го поттикнуваат лачењето на инсулинот и го зголемуваат нивото на шеќер во крвта поради што стануваме поспани.

Цреши и вишни

Тие се природен извор на мелатонин, супстанца која го надгледува и регулира внатрешниот часовник и го регулира спиењето.

Храна богата со јаглени хидрати

Таква храна е на пример лебот, тестенините и сите преработки од брашно (пици, ќифлички и слично). Овие јадења го поттикнуваат нивото на инсулин и на тој начин предизвикуваат поспаност.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 намирници за подобар сон.

Сподели: