8 намирници за подобар сон 1

8 намирници за подобар сон

Нутриционистите обично препорачуваат вечерата да биде лесна и да не јадете доцна навечер. Но, ако сте гладни пред спиење, а не сакате вечерата да ви го поремети заспивањето, еве кои намирници овозможуваат подобар сон.

Тврдо варени јајца

Ако се будите ноќе, причината може да е храната која сте ја јаделе. На пример, ако јадете прости шеќери – колачи, слатки, тоа ќе биде посебно изразено. Тие доведуваат до осцилирање на шеќерот во крвта, наеднаш го подигнуваат, па нагло опаѓа и тоа може да биде причина за нагло да се пробудите во 2-3 часот наутро. За подобар сон помудра идеја е да изедете тврдо варено јајце, парче сирење или грст јаткасти плодови. Така полесно ќе заспиете и нема да се будите преку цела ноќ.

8 намирници за подобар сон 2

Брокула

Она што го јадете денес и тоа како ќе ви се одрази утре. Истражување покажало дека колку е поголема количината на растителни влакна во вечерата, толку поцврст сон ќе имате. Брокулата е баш таква намирница. Освен неа можете да јадете и мешунки, а да ја намалите количината на путер и масти, кои исто така оневозможуваат длабок сон кога се јадат изобилно.

Млечни производи

Препораката да се напиете шолја млеко пред спиење, не е залудна. Тоа го потврдуваат и научните истражувања. Јогуртот и млекото содржат триптофан, белковина која придонесува  за подобро спиење. Освен тоа, богати се со калциум, кој дополнително го подобрува сонот. Калциумот го намалува стресот и ги стабилизира нервните влакна вклучително и оние на мозокот. Така, чаша јогурт пред спиење е одлична идеја. Ако изедете и неколку вишни или неколку кругови банана, тоа дополнително ќе ви помогне да заспиете.

Банана

Бананите се исклучителен извор на магнезиум и калиум, а тоа ги опушта мускулите. Исто така, содржат и триптофан, кој се конвертира во серотонин и мелатонин, кои се главни хормини за смирување на мозокот. Идеална комбинација би била да изблендирате шолја млеко со малку банана и да го испиете.

Овесна каша

Обично се јаде за појадок, а може да се јаде и навечер бидејќи помага за полесно да заспиеме. Овесот е богат со калциум, магнезиум, фосфор, силициум и калиум, а сите тие се нутриенти кои помагаат за подобро да спиете. Топла овесна каша со банана и млеко е добитна комбинација.

Чај

Но, не зелен и црн чај пред спиење. Тие содржат кофеин. Направете си чај од камилица, липа, нане, жалфија. Тие се одлични за добар сон.

Цреши и вишни

Овие овошки посебно го поттикнуваат нивото на мелатонин во организмот, а тоа помага за подобар сон. Препораката е пред спиење да се напиеме чаша сок од вишни или грст овошје.

Бадеми

Бадемите се богати со магнезиум, а тој помага за подобар сон и опуштање на мускулите. Тие содржат и квалитетни протеини кои придонесуваат за нивото на шеќер во крвта да остане стабилно за време на спиењето и да не се будиме во текот на ноќта.  Можете да јадете 30 гр бадеми или лажица путер од бадеми.

Ви препорачуваме да прочитате: Совети за подобар сон и храна за опуштање пред спиење.

Сподели: