5 природни лекови кои може да ги наберете од ливадите 1

5 природни лекови кои може да ги наберете од ливадите

Како што е народната изрека, лекот може да е „пет пари“, но треба да го знаеме. Па, бидејќи пролетта и летото се сезони кои изобилуваат со природни лекови тоа треба да се искористи.

Овие тревки ги красат ливадите и им даваат прекрасна арома и изглед. Често се распространети на нашето поднебје и лесно може да ги препознаеме. Еве кои ви ги издвоивме и за што се корисни.

5 природни лекови кои може да ги наберете од ливадите 2

Мајчина душица – природен лек за многу болести

Мајчината душица е растение со кулинарска, медицинска и декоративна употреба. Припаѓа на родот Thymus, а латинско име и е Thymus vulgaris. Цветовите, листовите и маслото од мајчина душица, луѓето најчесто ги користат при третирање на мокрење во кревет, дијареја, болки во стомакот, артритис, болки во грлото, настинка, бронхитис и гасови. Таа е одлична за здравјето и тоа на повеќе начини, а поопширно за нејзините здравствени придобивки и употребата, може да прочитате тука.

Ајдучка трева – природен лек за многу болести

Ајдучката трева одамна се користела во народната медицина, а како лековито растение голема примена има и во современата медицина. Ајдучката трева го стопира крварењето, помага при хемороиди и вагинални инфекции, го забрзува зараснувањето исечениците и раните. Исто така ја зајакнува мускулатурата на матката и ја нормализира обилната и болна менструација. Ајдучката трева содржи хемиски состојки кои имаат влијание врз крвниот притисок, а исто така има антиинфламаторни, односно против воспалитени својства.

Во комбинација со други растенија, ајдучката треба се користи при надуеност, гасови, грчеви во стомакот и останати проблеми со дигестивниот систем. Повеќе за неа може да прочитате ако кликнете тука.

Може да ве интересира: Чај од ајдучка трева помагач при настинки, грип и температура и Ајдучка трева – начини на користење.

Кантарион – лек за повреди, депресија и добро варење

Лековитиот кантарион е растение кое има изразено поволно дејство врз организмот на повеќе начини. Има магична моќ да лечи многу органи и системи во телото, а нуди голем број можности за употреба. Тоа може да биде чај, масло, капки, капсули, таблети, вагиналети и слично.

Расте на ливади, пасишта, како и на каменити предели, а цвета од Мај до крајот на Август зависно од поднебјето. Расте до висина од 60 см, има специфичен мирис, горки вкус, а изобилува со железо, етерични масла, смола, каротен, колин и витамин Ц.

Може да ве интересира: Како да направите масло од кантарион?

Чај и лековито масло од Иванова трева за добро здравје

Широко достапната Иванова трева (Galium verum) со векови се користела за правење на ливадски венчиња, а традиционално е позната како растение кое лечи бројни заболувања на внатрешните органи и кожата. Лековитите својства и се припишуваат на горниот дел од тревката и тоа за време на цветањето, а за да се зачува за зимските денови се суши на ладно и проветрено место, по што се пакува во тегли и се чува на ладно и темно место. Подетални и корисни информации може да прочитате од линков.

Здравствени придобивки од лековитиот црн слез

Црниот слез е едногодишна или повеќегодишно растение кое потекнува од источниот Медитеран и Северна Африка. Најчесто расти на влажни подрачја, во близина на реките или рушевините. Благодарение на лековитите својства кои ги содржи, црниот слез има голема примена во медицината, а овој цвет се користел уште од антички времиња.

Некои од најимпресивните здравствени придобивки од лековитиот црн слез се можноста за лекување на рани, заштитата против инфекции, намалување на воспалението и знаците на стареење, подобрување на здравјето на респираторниот систем, функциите на дигестивниот систем и сонот и третирање на главоболки. Повеќе за него може да прочитате тука.

Ви препорачуваме да прочитате: Камилицата е најдобриот природен лек против воспаленија и болки.

Сподели: