Уште од минатото, здравиот чај од ајдучка трева бил поволен за консумација и во времето кога немало толку многу фармацевтски производи, бил популарен домашен лек за кој помага против повеќе состојби, а посебно за подобрување на имунитетот и против настинки и грип.
За да подготвите чај од ајдучка трева може да употребите свежа или сушена ајдучка трева. Независно во каква состојба ќе ја изберете чајот од ајдучка трева има горчлив вкус и доколку не можете да го поднесете таков може да го засладите со шеќер или мед.
Интересно за ајдучката трева како растение е тоа што за подготовка на медицински чај може да се користат скоро сите делови од растението, односно цветовите, листовите и стеблото на ајдучката трева од кои се добива чај кој помага за лекување на благи респираторни инфекции, покачена температура, гребнатинки и осип на кожата.
Бидејќи ајдучката трева се смета за природен лек за многу болести, ви препорачуваме да кликнете тука и да прочитате повеќе корисни информации за неа.

Состојки:
- 1 лажиче сушена ајдучка трева (или 3 свежи цветови)
- 200 мл врела вода
- ½ лажица сок од лимон
- 1 лажиче шеќер.
Подготовка:
- Најпрво зовријте ја водата.
- Откако ќе се сврели ставете ја ајдучката трева во неа и оставете ја да стои поклопена околу 10 минути.
- Пред да го сервирате/пиете чајот, додадете го сокот од лимон и засладете по желба.
Препорачуваме да го консумирате чајот додека е топол. На здравје!