Популарниот алкохолен напиток може да ви даде поубав тен, блескава коса, мазна кожа… Сите знаеме дека кога станува збор за пиво, може да се каже дека е омилен пијалак на многумина. Иако на прв впечаток може да ви делува чудно, пивото е еликсир кој може да ви помогне да бидете поубави и позадоволни со себе си!
Препорачуваме секогаш да пиете умерена количина и да консумирате пиво одговорно! Па, штом тоа сите го знаеме, да преминеме на придобивките кои овој вкусен пијалак ги носи во себе, а ние може да ги искористиме и да изгледаме одлично.

Пивото помага против брчки
Квасецот, кој се користи во производството на пиво има голема моќ на разубавување. Ретко кој знае, но преку аденозин трифосфатот (ATP), квасецот може да придонесе за зачувување на мазното и младо лице.
На голем број од кремите против брчки ќе најдете ознака за аденозин три фосфат, затоа што тој е многу моќна состојка во „пеглањето“ на брчките. АTP е молекула која е водечки извор на енергија за поголемиот број од нашите клетки, како и за извршување на мускулните и метаболнитичките функции. Тој е способен за зголемување на нивото на протеините во телото, а кога станува збор за убавината важно е да ги спомнеме колагенот и еластинот. Тие играат клучна улога во намалувањето на брчките и измазнување на тенките линии кои што се појавуваат на нашите лица со староста. Колагенот е најзастапен протеин во нашето тело и главен структурен протеин на сврзното ткиво. Важен е за целокупното здравје и благосостојбата на организмот. Еластинот е исто така составен протеин на сврзното ткиво, а се карактеризира со висока еластичност и способност да го врати ткивото во првобитната форма при притисок или други надворешни дразби.
Колагенот и еластинот работат заедно во функција на силна, цврста, затегната и оформена кожа. Со текот на времето, кожата се осиромашува со овие два протеини и затоа треба да ја надополнуваме нивната количина. Па, кога сакаме уживањето од пијалакот да го зачиниме со здравствени придобивки, избираме да се напиеме чаша пиво Златен даб, а при тоа не забораваме дека треба да се консумира одговорно!
Овозможува блескава кожа
Кога се нанесува површински, пивото може да го исчисти тенот, да помогне во лекување на првут на кожата, како и да ја направи мазна. Овие фантастични својства се должат на задоволителната количина на пантотенска киселина и витамини во неговиот состав. Сѐ што треба да направите е да натопите малку памук и да го измасирате нежно претходно исчистеното лице.
Пивото се бори против акни
Седиментите на пивото (пивскиот квасец), можат да помогнат против акни така што го намалуваат производтвото на себум и ги елиминираат бактериите кои предизвикуваат акни. Оваа главна состојка на пивото е позната како одлично средство за одржување на рH рамнотежата на оптимално ниво. Се смета дека во овој случај пивото користи и кога се консумира, и кога се нанесува површински на кожата.
Ги омекнува петите
Витамините од Б комплексот, квасецот и минералите кои ги содржи пивото можат да ја омекнат задебелената кожа на петите. Во ваквата цел повеќе ќе ви користи консумацијатана темното пиво Златен даб, споредено со светлото. Скоро подеднакво се вкусни, но за разлика од светлото, темното пиво содржи поголема количина на антиоксиданси, хранливи материи и протеини и му ја олеснува работата на петите за што побрзо да ја вратат својата мекост и мазно чувство.
Пивото и дава сјај на косата
Покрај витамините од Б групата, протеините кои се наоѓаат во хмељот, помагаат во обновување на оштетената коса, а исто така додаваат и волумен. Во меѓувреме, малтозата и сахарозата кои ги има во составот на пивото, на косата и даваат прекрасен сјај. Па, ако сакате да постигнете најдобри резултати и да ги почувствувате овие ефекти на своја кожа, предлагаме да отидете до најблиската продавница и да набавите неколку шишиња Златен даб и да се почестите со пријателите. Па, најдобро е во друштво, нели?!
Ви препорачуваме да прочитате: Лековит шампон од пиво против првут.