причини за целулит

5 причини кои доведуваат до појава на целулит

Целулитот е еден од проблемите со кој се соочува скоро секоја жена, без разлика на килограмите. А штом времето затоплува, потрагата за намалување на целулитот започнува. Но, дали знаете кои се главните причини поради кои се појавува целулит и како да се ослободите од истиот?

Проблем со целулитот имаат повеќе од 80% жени без оглед на староста, телесната тежина и градбата. Најчесто се појавува на следните делови од телото: бутините, задникот, надлактиците и стомакот. Повеќето жени на овие места имаат имаат слабо сврзно ткиво, па масните клетки полесно се шират. Целулитот изгледа како „кора од портокал” и се појавува кај некои мажи. Не е само естетски проблем туку е и показател на неправилен начин на исхраната, на нездрав начин на животот, стрес и на пореметување на метаболизмот.

целулит

Што доведува до појава на целулит?

1. Оштетена микроциркулација

Главната функција на микроциркулацијата е пренесување на крвните клетки и хранливите материи. Кога таа е оштетена, хранливите материи потешко доаѓаат до клетките и како резултат на тоа се појавува послабо сврзно ткиво во дермисот.

2. Хормони (естроген)

Хормоните, поточно естрогенот влијае на појавување на целулитот. Затоа кај машките поретко се појавува целулитот.

3. Генетски фактор

Појава на целулитот зависи и од генетскиот фактор. Доколку вашата мајка имала проблем со целулит, најверојатно ќе имате и вие.

4. Неправилна исхрана

Мрсната храна и слатките, кои се богати со шеќери доведуваат до појава на целулит. Исто така солената, пржената и конзервирана храна ја задржува водата во телото и на тој начин придонесува на таложењето на целулитот.

5. Тесна облека

Тесна облека, освен што е неудобна, влијае лошо и на циркулацијата, па со тек на време доведува до појавување на целулитот.

Како може да се ослободите од целулитот?

Вежбајте

Дневно издвојте барем 30 минути за физички активности, за да го поттикнете метаболизмот и да го подобрите исфрлањето на токсини од телото.

Подобрете ја исхраната

За успешно да се изборите против целулитот, од менито исфрлете ја солената и масна храна. Избегнувајте црвено месо, мрсни риби, полномасни млечни производи и рафинирани намирници.

Редовно правете си антицелулитна масажа

Масажата е еден од најважните фактори во борба со целулитот. Долгите и меки движења ја стимулираат циркулацијата на крвта и лимфите. За масажа користете антицелулитни препарати, за да ги добиете посакуваните резултати.

Ви предлагаме да прочитате: Чај од магдонос за намалување на целулитот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: