Секој од нив заслужува да се најде во вашата кујна, да биде дел од вашето мени и составен дел од здравите секојдневни навики! Сите многу добро знаеме дека чаевите се користи за здравјето во секоја сезона, а обично повеќе ги преферираме во зимскиот период. Токму затоа, во оваа прилика издвојуваме неколку чаеви кои се добри при температурни промени и може да му помогнат на организмот во справувањето со промените на времето.
Секое време е добро време за чај, не заборавајте и направете си еден! Пробајте еден од неколкуте чаеви кои се добри при температурни промени.
Камилица
Камилицата е илјадници години позната по своето смирувачко дејство. Ублажува тегоби од стрес, му помага на телото полесно да се прилагоди, а делува и преку смирување на нервниот систем. Шолја чај од камилица е одлична пред спиење затоа што опушта. Миењето и чистењето на кожата со чај од камилица е многу корисно за вашиот тен, посебно кога е многу топло или ладно.
Зелен чај
Зелениот чај е чистач на организмот, а толку е силен што може да ги убие клетките на ракот и да го успори нивниот раст. Одличен е за слабеење и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Исклучително е здрав и корисен, па не без причина се наоѓа на врвот на листата на најздрави лековити напитоци. Вкусот му е добар, а најубаво се вклопува во комбинација со свежо цеден лимонов сок.
Црн чај
Црниот чај го намалува нивото на холестерол во телото, помага за ослободување од стресот и ја подобрува вашата меморија и когнитивни способности.
Ројбос чајот
Ројбосот го успорува стареењето и го зајакнува имунолошкиот систем, па е идеален во време кога алергиите заземаат замав и кога е зголемена опасноста од настинки. Интересно за него е тоа што претставува и одлично освежување за топлите денови.
Чај од брусница
Многу е корисен во борба против уринарни инфекции, го снижува нивото на холестерол, а е корисен и за лечење на чирот на желудник.
Ви препорачуваме да прочитате: Ладен чај за забрзување на метаболизмот и слабеење.